• 18 мај 2024
  • Вести денес: 0

Бона


2000-2014

Неуморен играч и чувар

Бона беше најдоброто куче кое сме го имале досега. Беше многу паметна, мирна, милна, но и одличен чувар на куќата. Таа едноставно како да беше пример за куче. Многу сакаше да си игра со дрвено гранче, ние ќе ѝ го фрлевме гранчето, а таа сакаше да го донесе и одново и одново да ѝ го фрламе. Неуморно сакаше да си игра и никогаш не беше здодевна.

Не сакаше многу да се топи во вода, па така еднаш кога случајно се лизна и падна во реката Треска, ни беше лута некое време. Ми дозволуваше да ја „јавам“, што ми беше омилен начин да ја гњавам кога имав 2 години.

Иако сега имам ново куче, мојата мила Бона никогаш нема да ја заборавам и секогаш ќе ми недостасува нејзиниот умен и љубопитен поглед.

Искра

Славете го животот на вашето милениче

Зачувајте го споменот на Вашето милениче со зборови, слика. Споделете ги спомените за Вашето милениче на место каде што Вие, Вашето семејство и Вашите пријатели ќе можете да се сетите на верниот придружник кој Ви донел толку радости и посебни заеднички мигови.
Испратете ги Вашите фотографии и текст, како и скен или фотографија од уплатницата на жиро сметка 300000003363414 Комерцијална Банка Скопје. Фактурата ќе биде испратена по пошта.

Цена: 500 денари (424 денари + 76 ден. ДДВ).

Контакт: contact@plusinfo.mk, телефони: 02/3179-545 секој работен ден од 8.30 до 16 часот или 077 511 716 (во секое време).