На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Со невидената техно-екипа, во која се наоѓаат Ричи Хоутин, Адам Бајер, Ида Енгберг, Бен Клок, Амели Ленс и Анастасија Кристенсен, уште од првата објава па сè досега, јасно е дека на Денс-арената на Егзит започнува нова ера!
Една од најзначајните и најголемите сцени на целата планета, оваа година е одлучна да ги надмине сите минати максимуми, и тоа, во годината кога Егзит официјално е назначен за најдобар голем европски фестивал. По тој повод, на тврдината се подготвува вистински #Arenamagedon бидејќи своите настапи веќе ги потврдија великаните Нина Кравиц Соломун, Масео Плекс, „Тејл оф ас“, Карл Крег, Родад и Борис Брејха.
По минатогодишниот настап, со повеќекратни овации и две навраќања на бис, Нина Кравиц доаѓа на Егзит да креира волшепства со публиката од целиот свет, чија доверба бескрајно ја ужива. Не постои никој како Нина, која има таква преданост, бескомпромисен став и над сè храброст за константно да се менува, љубопитност постојано да истражува, желба да учи и преку својот пример да ја води глобалната електронска сцена закитена со титулата за најдобра светска диџејка за 2017 година. Со легендарното затворање на минатата година, Нина е првиот изведувач што ја добил честа двапати едноподруго да го затвори Eгзит фестивалот.
Соломун, Плекс, Брејха...
Младен Соломун, алфа и омега на светската хаус-сцена, за чиј успех како најпопуларен балкански музичар на светот не постои повеќе опис бидејќи само во изминативе неколку години со неверојатна леснотија ја освои целата планета. Еден од почетоците на своето патешествие кон врвот го започнува во 2010 година, токму на Eгзит, за што вели дека „е едно од најдобрите нешта што ги доживеал“.
Силната поврзаност со магијата на Eгзит, неодамна пред камерите ја откри и неприкосновениот продуцентски гениј Масео Плекс, кој изјави дека „секоја година се прашува дали повторно ќе настапи на Егзит“. Виртуозниот мајстор на миксањето и апсолутниот хедлајнер на најголемите фестивали, пред неколку години откри дека чувствува трема единствено пред настапот на Арена. Незапирлив во изучувањето, Масео доаѓа на Арената со обемен нов материјал што го подготвува за најголемите отворени летни фестивали. Нему ќе му се придружи и маскираниот творец на хај-тек минимал жанрот, Борис Брејха.
Миланските диригенти на во моментов водечкиот светски звук и тандем без конкуренција „Тејл оф ас“ се враќаат по три години поголеми од кога и да било. Револуционерот и еден од основачите на глобалното техно-движење од Детроит, Карл Крег, ќе ја исполни Арената со футуристички звук, На почвата на Петроварадинската тврдина конечно ќе зачекори и берлинскиот бард Родад, чија издавачка куќа „Дистопијан“ е на чело на новата генерација техно-уметници. На Eгзит доаѓа со неодамна објавениот албум, „Anxious“.
За домашната поддршка ќе се погрижи еден од столбовите на белградската техно-сцена, Филип Хави. Уште едно незаборавно име кога станува збор за регионалната техно-сцена е несомнено Владимир Ачиќ, познат како Авоид.
Влезници за Егзит
Влезниците по промотивната цена што е со 60 отсто попуст од финалната, чинат 3.580 денари, а се продаваат во Македонија преку „Мк тикетс“ и во „Југотон“ (Скопје, ТГЦ, 1 кат), додека пак на веб-страницата на официјалната туристичка агенција exittrip.org се достапни и туристички пакети, кои покрај влезницата, содржат и опции за сместување и превоз до Eгзит фестивал.
Принцот останал во пријателски односи со двете, а на Меган не ѝ пречи што тие ќе присуствуваат.
Прекрасната Кити се појави на подиумот со син фустан, а нејзината визија беше надополнета со екстравагантна тиара
Актерот Ленс Картер за „Дејли Мејл“ ги потврдува наводите дека Меган е таа која стои зад блогот.
Хедер Локлир долга низа години се бори со зависност од алкохол и разни дроги.
Славната германска манекенка која има 44 години, се соочила со „ејџизамот“ (негативен став или стереотипно однесување кон стареењето и повозрасните).