• 21 декември 2024
  • Вести денес: 0
МИА21:42 27 февруари 2018 ● Прочитано 2293

Американскиот специјален пратеник за Северна Кореја планира в петок да се повлече од функцијата, соопшти Стејт департментот само неколку часа откако претседателот на САД, Доналд Трамп повторно отфрли преговори за решавање на севернокорејската нуклеарна криза доколку не бидат исполнети одредени услови.

Пратеникот Џозеф Јун, роден во Јужна Кореја, е силен заговорник за соработка со Пјонгјанг. Предводеше обиди на САД да допрат до Северна Кореја тивко спроведувајќи дипломатија откако дојде на таа функција под мандат на поранешниот претседател на САД, Барак Обама во 2016 година.

Со неговото заминување, Стејт департментот останува без соодветна личност за политиката спрема Северна Кореја во момент кога Пјонгјанг навести подготвеност за преговори со САД по периодот дипломатски контакти со Јужна Кореја за време на ЗОИ.

Јун изјави за американски медиуми дека одлуката е лична и оти државниот секретар Рекс Тилерсон се обидел да го убеди да остане на таа функција.

– Тоа е навистина моја одлука. Мислам дека е вистинско време за тоа. Има мало затишје во активностите и мислам дека би било добро да ја напуштам функцијата - изјави тој за Си-Би-Ес њуз.

Западни медиуми повикувајќи се на изјави од администрацијата на Трамп тврдат дека Јун бил се повеќе фрустиран поради конфликтните ставови во американската администрација за прашањето како треба да се реши севернокорејската криза. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Зетот на Трамп го изгуби пристапот до строго доверливи информации

Џаред Кушнер, соработник на американскиот претседател, веќе нема пристап до доверливи информации.

Јункер: Црна Гора e пример за останатите земји од Западен Балкан

Црна Гора е членка на ОН, ММФ, СТО, а од лани и на НАТО.

Ким Џонг ун и татко му користеле лажни пасоши за патувања

Како што се наведува, визите им требале за патувања во Бразил Јапонија или Хонг Конг.

Хуманитарци на Сиријки им даваат храна во замена за секс

Стигнуваат нови извештаи од југот на државата за неморални постапки при распоредување хуманитарна помош.

Израел го запре планот за оданочување црковен имот во Ерусалим

Засега верските лидери не реагираа на одлуката за прекин на плаќањето даноци, но најавено отворање на Базиликата на Светиот гроб.

НАЈЧИТАНИ