• 13 ноември 2024
  • Вести денес: 0
МИА12:28 26 февруари 2018 ● Прочитано 2421

Саемот на книга годинава ќе се одржи во салата на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ бидејќи Скопскиот саем веќе не работи, информира денеска Министерството за култура, како покровител на манифестацијата.

„Нема да дозволиме изумирање на читателската култура, ќе им помогнеме на издавачите и љубителите на книгата. Саемот за книга годинава ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“, за што Министерството за култура веќе разговараше со раководството, кај кое постои големо расположение да им се излезе во пресрет на издавачите и љубителите на книгата и саемот годинава сепак да се одржи во нашата најголема сала, која нуди мултифункционални простории и може да се адаптира на манифестацијата“, се наведува во соопштението од Министерството за култура.

Во наредните денови Министерството за култура ќе организира повеќе средби со организаторите и здруженијата на издавачи за Саемот и за обезбедување на потребната поддршка.

Саемот на книга годинава ќе се одржи по 30-ти пат.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Горан Марковиќ ќе гостува на изведбата на „Говорна мана“ во МНТ

Тој е автор на текстот на оваа претстава чија премиера во МНТ, во режија на Драгана Милошевска-Попова, беше минатата година.

„Балкански мостови“ за филмот „Три дена во септември“

Наградата „Балкански мостови“ e за најдобар филм на шестиот фестивал Balkan Florence Experience кој се одржа во Фиренца од 22-ри до 25 февруари.

Поезија од Лулзим Хазири на македонски

Преводот на песните од албански на македонски јазик е на Линдита Ахмети.

Венко Андоновски номиниран за Толстоевата награда „Јасна полјана“

Меѓу номинираните се и познатите светски писатели Каѕуро Исигуро, Тони Морисон, Јак Мекјуан, Џонатан Литл, Амоз Ос, Маргарет Етвуд и други.

Европска премиера на филмот Бикини Мун на Милчо Манчевски на ФЕСТ во Белград

Филмот е сниман во Њујорк на вистински локации каде Манчевски живее последниве 30 години.

НАЈЧИТАНИ