• 21 декември 2024
  • Вести денес: 0
МИА19:52 27 февруари 2018 ● Прочитано 1884

Севрнорекојскиот лидер Ким Џонг ун и неговиот покоен татко Ким Џонг ил користеле лажни пасоши кога аплицирале за визи во западни држави во 90-те години од минатиот век, тврдат пет западноевропски разузнавачки служби.

 

- Тие користеле бразилски пасоши на кои јасно се гледаат фотографии на Ким Џонг ун и на Ким Џонг ил за да добијат визи од странски амбасади. Тоа покажува желба за патувања и укажува дека владејачкото семејство се обидело да изгради посебна рута за бегање -изјави претставник на западна разузнавачка служба.

Уште четири извори од разузнавачки служби потврдиле постоење пасоши на кои под фотографијата на Ким Џонг ун и на Ким Џонг ил се имињата Џозеф Пуаг и Иџонг Чои. Издадени се во бразилската Амбасада во Прага во февруари 1996 година.

Како што се наведува, визите им требале за патувања во Бразил Јапонија или Хонг Конг. Бразилското МНР соопшти дека врши истрага за случајот.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Зетот на Трамп го изгуби пристапот до строго доверливи информации

Џаред Кушнер, соработник на американскиот претседател, веќе нема пристап до доверливи информации.

Јункер: Црна Гора e пример за останатите земји од Западен Балкан

Црна Гора е членка на ОН, ММФ, СТО, а од лани и на НАТО.

Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата

Јун изјави за американски медиуми дека одлуката е лична и оти државниот секретар Рекс Тилерсон се обидел да го убеди да остане на таа функција.

Хуманитарци на Сиријки им даваат храна во замена за секс

Стигнуваат нови извештаи од југот на државата за неморални постапки при распоредување хуманитарна помош.

Израел го запре планот за оданочување црковен имот во Ерусалим

Засега верските лидери не реагираа на одлуката за прекин на плаќањето даноци, но најавено отворање на Базиликата на Светиот гроб.

НАЈЧИТАНИ