• 10 декември 2024
  • Вести денес: 0
Плусинфо16:05 26 февруари 2018 ● Прочитано 2701

Поетската збирка „Кога љубовта се троши како креда“ од Лулзим Хазири ќе биде промовирана на 28 февруари, со почеток во 20 часот, во просториите на „Кино Култура“, соопшти изадавчката куќа „Готен“.

Промотори на изданието ќе бидат академик Луан Старова и Салајдин Салиху. Преводот на песните од албански на македонски јазик е на Линдита Ахмети.

Според Салајдин Салиху, рецензентот на „Кога љубовта се троши како креда“ да се пишува за поезијата на Хазири значи, уште на почетокот, да се биде внимателен во изборот на начинот на пишување и да се одбегне секаков вид конформизам. Хазири е поинаков глас во албанската поезија, творец кој носи нешто ново во албанската поезија. Хазири на албанската поезија ѝ ја носи урбаната чувствителност, третирањето мотиви што се среќавале во светската книжевност, но не беа толку присутни во албанската книжевност.
Поезијата на Лулзим Хазири е преведена на неколку јазика, застапена е во неколку национални и странски антологии. За неговото дело пишувале албански и странски критичари. Наречен е „поетот созреан со рокенрол, кој стои од другата страна на нормите” (M. Лимани); „поет кој создава преку хиперсензибилност, кој креира тематска самостојност, кој има автентично гледиште на проблемите и самостојност во изразувањето“ (Рамадан Муслиу); „поет кој изградил ’нова утопија – албанската книжевност со авто-патишта!’“ (Миѓен Келменди); „поет кој создава фигуративност која фокусира ситуација, амбиент и преку глобална слика комуницира со својот вознемирен свет“ (Али Алиу); „поет кој е претставник на поколението исполнето со длабок очај и разочарување, со морални, професионални, политички и татковински вредности на постарото поколение“ (Абдулах Конушевци).

Лулзим Хазири е роден во 1962 година во Гостивар. Досега објавил 4 збирки поезија и две книги со есеи и колумни. Песните му се преведени на англиски, француски, романски, хрватски и македонски јазик. Активен е по полето на заштитата на човековите права.
Објавувањето на книгата е поддржано од Министерството за култура на Република Македонија, во рамки на Годишната програма за 2017 година. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Горан Марковиќ ќе гостува на изведбата на „Говорна мана“ во МНТ

Тој е автор на текстот на оваа претстава чија премиера во МНТ, во режија на Драгана Милошевска-Попова, беше минатата година.

„Балкански мостови“ за филмот „Три дена во септември“

Наградата „Балкански мостови“ e за најдобар филм на шестиот фестивал Balkan Florence Experience кој се одржа во Фиренца од 22-ри до 25 февруари.

Саемот на книга годинава ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“

„Нема да дозволиме изумирање на читателската култура, ќе им помогнеме на издавачите и љубителите на книгата“, соопшти Министерството за култура.

Венко Андоновски номиниран за Толстоевата награда „Јасна полјана“

Меѓу номинираните се и познатите светски писатели Каѕуро Исигуро, Тони Морисон, Јак Мекјуан, Џонатан Литл, Амоз Ос, Маргарет Етвуд и други.

Европска премиера на филмот Бикини Мун на Милчо Манчевски на ФЕСТ во Белград

Филмот е сниман во Њујорк на вистински локации каде Манчевски живее последниве 30 години.

НАЈЧИТАНИ