• 10 декември 2024
  • Вести денес: 0
Плусинфо20:19 27 февруари 2018 ● Прочитано 2988

Затвореникот Дојл Ли Хам од Алабама, САД, го преживеал извршувањето на смртната казна иако претрпел силна болка додека безуспешно се обидувале да му ја пронајдат вената во која би се инјектирала смртоносната инекција.

Адвокатот на 61-годишниот Хам тврди дека неговиот клиент безуспешно бил боцкан во препоните, зглобовите и во долниот дел од ногата. Погубувањето било прекинато во 23.30 часот, бидејќи било заклучено дека не можат да му ја најдат вената.

Хам требало да биде погубен во четвртокот поради убиство на Патрик Канингем во 1987 година. Тој бил осуден пред 31 година, бидејќи при вооружен грабеж го убил Патрик Канингем, кој работел ноќна смена во мотел. Хам го признал убиството.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Тројца космонаути се вратија од Меѓународната вселенска станица на Земјата

Вселенската капсула со двајца американски астронаути и един руски космонаут од Меѓунардоната вселенска станици слета утринава во Казахстан.

На 93 години замина за Кенија да волонтира

Фотографијата на Ирма на која со една рака се потпира на бастун, а со другата влече црвен куфер, на социјалните мрежи ја сподели нејзината внука.

Останува спорната црковна камбана посветена на Хитлер

На ѕвоното е изгравирано „Сѐ за татковината - Адолф Хитлер“.

Дали ги миете конзервите пред отварање?

Лименките од сокови, пиво и конзервирана храна пред отварање добро измијте ги и исушете ги со картиени салфети.

Неочекувани резултати: Ваквите деца во иднина ќе заработуваат најмногу

Дури и самите истражувачи биле изненадени од резултатот

НАЈЧИТАНИ