На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Во Галеријата на Културно-информативниот центар во Загреб минатиот петок се случила кражба за која буквално зборува целиот Балкан, а сега се објавени и снимки од настанот, пишува Јутарњи лист, а пренесува Еспресо. Еве како се одиграл настанот: Во кафулето во приземјето има луѓе, на катот малку помалку, а во самата галерија нема никој. На ѕидовите се изложени фотографии на Горан Павлетиќ „Меланхолични простори“. Девојката која влегува знае дека просторот е под видео надзор. Таа не го крие лицето, но се обидува да не се види премногу. Изгледа нервозно. Не ја разгледува изложбата, па очигледно е дека таа веќе ги видела сликите. Влегува и веднаш застанува пред една фотографија. Ја погледнува за момент, а потоа брзо ја симнува од ѕидот. Рамката ја става на подот и ја извлекува сликата од неа. Тоа го прави многу внимателно и концентрирано, а притоа не се обѕрнува да види дали некој доаѓа. Рамот уредно го враќа на ѕидот. Сликата ја мота и мирно се симнува назад во кафулето. Одејќи надолу се разминува со едно момче, но бидејќи таа држи парче хартија во раката, не му е сомнителна. Девојката седнува на маса со своите пријателки како да не се случило ништо.
Сето ова е снимено, и сѐ се гледа јасно - и веднаш се пушти „бувата“ - дали ова е само добра реклама? Имено, Галеријата не ја пријавила кражбата на полицијата. Наместо тоа, тие ја поставија снимката на јутјуб. - Засега не знаеме која е таа, па затоа не знаеме дали таа ќе се јави прва. Некои девојки се јавија, но никоја не е девојката што ја бараме. Кога ќе го стори тоа, ќе знаеме дека е таа затоа што нејзиниот стил на комуникација со нас ќе биде токму таков како што се вклопува со девојката од сликата. Таа е нашата хероина без оглед на тоа што всушност е материјал за кривична пријава - велат од Галеријата. - Таа покажа храброст, страст и вештина како Арсен Лупен за да дојде до мрачниот објект на желбата - вели Емил Матешиќ, управник на КИЦ, и додава дека на сликата што е украдена се гледа мостот во Сисак и силуета на маж во темна ноќ. Никогаш не се случил таков случај во „Галерија на катот“, вели Матешиќ. Никој не краде модерна уметност бидејќи всушност никој не ја цени доволно, објаснува тој. Поради тоа тие беа воодушевени од несекојдневната постапка на младата девојка која ја гледаат како еден вид на необичен комплимент за уметникот. Тука е се разбира, и нејзината педантност. На никој начин не ја оштети рамката или сликата, покажувајќи колку го цени предметот што го носи со себе. - Кога некој во нашата современа практика толку ризикувал за да украде дело на современата уметност? Никој досега. Неа делото едноставно ја фасцинира и ја наведе на криминал. Се гледа дека не ѝ е сеедно, дека има мала фрка, но тоа сепак го направи. Тоа е храброст - објаснува Матешиќ, и ѝ нуди амнестија од гонење и можност заедно со него да биде куратор на една изложба на фотографии во ГНК.
Инаку, бројот на посети во Галеријата се зголемил за трипати по овој инцидент. Погледнете го видеото:
Подготив: А.Ј.
Во Израел има оружје буквално насекаде, многу повеќе отколку во САД. Сепак, Американците се убиваат едни со други 33 пати почесто од Израелците.
Во текот на судењето, пред судската зграда демонстрираа десетици негови земјаци, нарекувајќи го Ердоган „диктатор и фашист“.
Поранешен судија од Арканзас е осуден на казна затвор од 5 годинипоради барање на сексуални противуслуги во замена за поблаги казни.
Марјан Миланов е човек на кој му бил трансплантиран бубрег од кадаверик. Не знае кој бил донорот, но оваа операција му го сменила животот
Визиите и идеите се убава работа, но треба да бидат осведочени со конкретни дела и начин на однесување.