• 13 ноември 2024
  • Вести денес: 0
Александар Самарџиски15:14 27 февруари 2018 ● Прочитано 1940

Група од шест кучиња утрово нападнале маж и жена во Скопје, тие пријавиле во јавното претпријатие „Комунална хигиена“, но добиле одговор дека во моментов не можат да излезат на терен бидејќи немале слободно возило. Ова, тврдат граѓаните, кои реагираа до редакцијата на Плусинфо, не се случува првпат. И порано надлежните одбивале да им одговорат на вакви барања. Од градот, пак, велат оти имаат ресурси да се справат со проблемот, но зимава како и секоја година, зачестиле пријавите.

Настанот, кој го раскажа скопјанка во разговор со нашата редакција, се случил на крстосниците меѓу улиците 8-ма ударна бригада и Максим Горки, во близина на италијанска амбасада во Скопје.

- Група од шест кучиња утрово се втурна кон мене, а потоа го нападна и човекот кој се движеше после мене. За среќа, не поминав со сериозни повреди, но во таква ситуација човек може да доживее инфаркт. Пријавив во службата за третман на бездомни кучиња во Комунална хигиена, но ми рекоа дека денеска не можат да ми одговорат на повикот да излезат на терен. Пред три месеци истата група кучиња, кои се немаркирани, повторно ме нападнаа. И тогаш пријавив и го добив истиот одговор – вели скопјанката, револтирана од (не)реакцијата на надежните.

Од Град Скопје, пак, велат дека стационарот Вардариште, кој е задолжен за хуманиот третман на бездомните кучиња, располагаат со доволно ресурси и средства за да се справи со проблемот, но нагласуваат дека овој период зачестиле пријавите од граѓаните.

- Она што е специфично за овој период е зголемената агресивност кај дел од бездомните кучиња, која се рефлектира поради намалените ресурси за исхрана во зимски услови како и секоја година. Затоа во зимските месеци има и поголем број на пријавени случаи на напади за кои Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ плаќаат солидарно обесштетување на повредените граѓани – велат од Градот.

Инаку, градските власти во буџетот издвоија 7 милиони денари, што според нив, е доволно непречено да се одвива заловувањето на бездомните кучиња, хуманиот третман, бележењето и нивното враќање на местата каде се заловени.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Сопиште го бара Ќосето за да го постави на кружниот тек

Општина Сопиште бара од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради, да им го отстапат споменикот на Андон Јанев Ќосето.

„Берлин бар“ нуди ноќевање и оброк на животинчиња додека трае студот

„Берлин бар“ се наоѓа во близина на железничката станица во Скопје. Првиот гостин е кучето Среќко (Lucky).

Плоштад „Македонија“, Стара чаршија, Камени мост се чистат од снег

Попладнево се расчистваат и главните улици во градот, како Партизанска и Илинденска.

Карпош се справува со снегот

Снегот се чистеше и улиците се посипуваа со сол на патот за Горно Нерези, на ул. Трнодол во населбата, Жданец, во населба Бардовци на ул. 4 и 6.

Снегот прекина повеќе автобуски линии, некои возат скратени рути

Од ЈСП „Скопје“ информираат дека контактираат со Зимската служба на Град Скопје и во зависност од временските услови се очекува нормализирање.

НАЈЧИТАНИ