• 30 декември 2024
  • Вести денес: 0
Плусинфо10:39 27 февруари 2018 ● Прочитано 2612

„Берлин бар“, кој се наоѓа во близина на железничката станица во Скопје, поради минусните температури,  на својот Фејсбук профил објави дека овозможува ноќевање и оброк на животинчињата на кои им е потребно.

„СПОДЕЛУВАЈТЕ!

Поради минусните температури „Берлин бар“ ве замолува доколку видите или знаете за животинче на кое му треба место да се стопли, да преноќи и да добие оброк, да ни се обратите во порака за да може да го земеме кај нас, или слободно донесете го. Ќе бидеме среќни да помогнеме#, пишува на профилот на Фејсбук на барот.

Првиот гостин на „Берлин бар“ е кучето Среќко (Lucky).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Зачестиле пријавите за напади од кучиња, граѓани ги повикуваат надлежните на терен

Градските власти велат дека имаат доволно ресурси за бездомните кучиња да добијат хуман третман, но оти во зима нападите зачесуваат поради гладот.

Сопиште го бара Ќосето за да го постави на кружниот тек

Општина Сопиште бара од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради, да им го отстапат споменикот на Андон Јанев Ќосето.

Плоштад „Македонија“, Стара чаршија, Камени мост се чистат од снег

Попладнево се расчистваат и главните улици во градот, како Партизанска и Илинденска.

Карпош се справува со снегот

Снегот се чистеше и улиците се посипуваа со сол на патот за Горно Нерези, на ул. Трнодол во населбата, Жданец, во населба Бардовци на ул. 4 и 6.

Снегот прекина повеќе автобуски линии, некои возат скратени рути

Од ЈСП „Скопје“ информираат дека контактираат со Зимската служба на Град Скопје и во зависност од временските услови се очекува нормализирање.

НАЈЧИТАНИ