• 21 декември 2024
  • Вести денес: 0
МИА17:45 27 февруари 2018 ● Прочитано 1447

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го одложи стартот на пролетната сезона во Втората лига (ВМФЛ - Исток и ВМФЛ - Запад), кој беше планиран за следната сабота, поради студеното време и снегот кој ги прекри фудбалските терени. Второлигашите ќе ги одиграат своите дуели во вторник на 6. март, одлучи Комисијата за натпревари при ФФМ.

Снегот го одложи и вонредното коло во ПМФЛ закажано за утре. Натпревари од првата лига се закажани за во недела, но истите се уште се под знак прашалник поради временските услови.

Освен дуелите во првата и втората лига, одложен е и стартот на масовниот „Пандев Куп“ во Струмица.  

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Реал Мадрид нуди 70 милиони евра за Салах

Минатото лето Ливерпул плати 39 милиони евра на Рома за Мохамед Салах.

Челзи му нуди на Азар 300.000 фунти неделно

Овој износ не ги вклучува дополнителните бонуси и заработката на халфот од правата на користење на неговиот лик за комерцијални цели.

УЕФА го казни „Вардар“ со 30.000 евра

„Вардар“ е казнет поради користење на пиротехнички средства, фрлање на предмети на теренот и за недоволно добра организација.

У19: Македонија со 5:0 ја совлада Финска

Во овој меч, Вујадин Станојковиќ не можеше да смета на Елиф Елмас (Фенербахче), Дарко Чурлинов (Келн) и Димитар Митровски (Спортинг Лисабон).

Нејмар оди на операција за да биде подготвен за Мундијалот

Изминатиот викенд, ѕвездата на ПСЖ ја скрши метатарзална коска на десната нога и го напушти теренот со повреден зглоб.

НАЈЧИТАНИ