• 13 ноември 2024
  • Вести денес: 0
Ристо Лазаров13:38 27 февруари 2018 ● Прочитано 2417

 

 

Судот до Прага денеска го ослободи од притвор Салих Муслим, лидер на Демократската унија на Курдите (ПИД). Тој беше уапсен во саботата, по налог на Турција издаден преку Интерпол. Судот денеска пресуди во корист на Мусил и, како што изјави неговиот адвокат, „го ослободил неговиот клиент“.

Во текот на судењето, пред судската зграда демонстрираа десетици негови земјаци со курдски знамиња. Тие извикуваа пароли, нарекувајќи го турскиот претседател Реџеп Ердоган „диктатор и фашист“.

Во почетокот на февруари Турција го рангираше Сали Мусим на листата на најбараните лица. Министерството за внатрешни работи објави награда во износ од четири милиони турски лири за оној кој ќе го фати МУслим.

ПИД е водечка курдска политичка сила во северна Сирија, а Сали Муслим има големо влијание во дејствувањето на оваа пртија, која што Анкара ја смета за огранок на забранетата курдска Комунистичка партија (ПКК). Како што е познато, во југоистоична Турција повеќе од 30 години оваа партија води вооружени борби за автономија на Курдистан.

По апсењето на Муслим и во Прага и во Анкара се пронесоа гласини за меѓусебна размена на затвореници, бидејќи минатата година турската полиција ги уапси Маргарет Вшелицкова и Мирослав Фаркаш, а турскиот суд ги осуди на шестгодишен затвор. Причина за затворската казна беше тоаа што двајцата чешки граѓани работеле за ИПГ за ИПГ, организација којашто Анкара, за разлика од Чешка и САД , за смета за терористичка организација.

Меѓутоа, денеска обете страни соопштија дека не станува збор за никаков компромис и за размена на затвореници, при што турската страна останува на барањето Муслим да и биде испорачан. Муслим е хемиски инжењер, долга низа години работел во Саудиска Арабија, а потоа се префрлил во Алепо. На курдското движење му се придружил уште во седумдесетите години, кога студирал во Истанбул. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Што можат да научат Американците од израелската култура на поседување оружје

Во Израел има оружје буквално насекаде, многу повеќе отколку во САД. Сепак, Американците се убиваат едни со други 33 пати почесто од Израелците.

Поранешен судија од Арканзас осуден на 5 години поради злоупотреба на службената должност

Поранешен судија од Арканзас е осуден на казна затвор од 5 годинипоради барање на сексуални противуслуги во замена за поблаги казни.

Снимка од кражба за која зборува целиот Балкан: Вистина или местенка (ВИДЕО)

Во Галеријата на Културно-информативниот центар во Загреб минатиот петок се случила кражба, а сега се објавени и снимки од настанот.

Кога дознав дека сум кандидат за трансплантација, солзи ми потекоа

Марјан Миланов е човек на кој му бил трансплантиран бубрег од кадаверик. Не знае кој бил донорот, но оваа операција му го сменила животот

Интелектуалец во политиката

Визиите и идеите се убава работа, но треба да бидат осведочени со конкретни дела и начин на однесување.

НАЈЧИТАНИ