На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Реал Мадрид нема намера да инвестира повеќе од 70 милиони евра за да го привлече Мохамед Салах од Ливерпул, соопшти денеска шпански „АС“. Претседателот на клубот, Флорентино Перез не крие дека му се допаѓа играта на Салах, кој влезе во трансфер плановите на „кралскиот“ клуб за наредното лето. Во Реал Мадрид, сепак, многу внимателно ги планираат потезите кои ќе ги преземат на трансфер пазарот и нема да направат дополнителни трошоци за да го стават клубот во финансиски потешкотии. Договорот на египетскиот фудбалер со „црвените“ е до 2022 година. Ливерпул најверојатно нема да се согласи да го продаде Салах за таква сума, освен ако нема играч кој Реал Мадрид ќе го вклучи во понудата. Според информациите, Реал Мадрид ќе ги направи првите чекори за привлекување на репрезентативецот на Египет во првите денови од јуни, пред почетокот на Светското првенство во Русија. Минатото лето Ливерпул плати 39 милиони евра на Рома за Мохамед Салах.
Овој износ не ги вклучува дополнителните бонуси и заработката на халфот од правата на користење на неговиот лик за комерцијални цели.
Второлигашите ќе ги одиграат своите дуели во вторник на 6. март, одлучи Комисијата за натпревари при ФФМ.
„Вардар“ е казнет поради користење на пиротехнички средства, фрлање на предмети на теренот и за недоволно добра организација.
Во овој меч, Вујадин Станојковиќ не можеше да смета на Елиф Елмас (Фенербахче), Дарко Чурлинов (Келн) и Димитар Митровски (Спортинг Лисабон).
Изминатиот викенд, ѕвездата на ПСЖ ја скрши метатарзална коска на десната нога и го напушти теренот со повреден зглоб.