• 10 декември 2024
  • Вести денес: 0
Плусинфо09:14 28 февруари 2018 ● Прочитано 2892

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи првото рочиште за предметот на СЈО „Тортура“, што се однесува на начинот на лишување од слобода на лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Во „Тортура" обинети се поранешниот прв човек на единицата „Алфа" Ивица Антевски - Пуки и уште петмина припадници на единицата за апсењето на Бошковски.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.

Во оваа постапка првообвинет беше поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков. Но, судот делумно го прифати обвинението на СЈО и според донесената одлука, ќе им се суди само на шетмината од единицата „Алфа", но не и на поранешниот прв човек на УБК.

На оваа одлука СЈО поднесе жалба до Апелацискиот суд, кој треба да одлучи дали обвинителниот акт ќе се однесува и на Мијалков. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Во Маврово речиси метар снег, - 11 степени во Ѓуриште

Минус 7 степени се измерени во Скопје Петровец, Тетово, - 6 во Крива Паланка и Штип, - 5 во Виница, Дебар, - 3 во Демир Капија, - 2 во Охрид, -1 Прлеп

Еленовски пратеник за НАТО во Брисел, Дарлишта директор на Матични книги

Владата на својата 56-та седница отповика неколку конзули на Република Македонија.

Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце

Ова предвидува олеснување на слободната трговија со стока и подобрување на заедничкото управување со ризик, гранични контроли со едно застанување.

Запалено грчкото знаме пред Собрание

Демонстрантите побараа итен прекин на разговорите за името на државата и отфрлаат референдум.

Владиката Петар го повика Господ на помош за името

Јас мислам дека најмногу ќе ни помогнат браќата Грци со тоа што нема да отстапат од црвените линии, додаде тој.

НАЈЧИТАНИ