• 10 декември 2024
  • Вести денес: 0
МИА16:49 27 февруари 2018 ● Прочитано 2526

Идната членка на британското кралско семејство, Меган Маркл имала блог за „борбата за опстанок“ во Холивуд. На него, освен за својата склоност кон евтино вино и сирење, таа пишува и за „магичните гради“ и за многу секс.

Блогот се појавил на почетокот на 2010 година, под наслов „Вредната глумица“ и брзо станал многу популарен меѓу актерите почетници. Претставувајќи се како глумица која работи и користејќи ја силуетата на празно режисерско столче како свое лого, Меган настапува анонимно, и никому не му паѓало на ум дека тоа е таа.

Идната сопруга на британскиот принц Хари опишувала ситуации во кои една глумица морала да прифати работи од кои се згрозува, гладувала, а утеха барала во чоколадата, сендвичи и евтино вино. Во овие текстови, таа, имплицитно, како да говори за себе.

Во нив се говори и за надмени и себични агенти, а ја отвора и темата околу бракот со продуцентот Тревор Енгелсон. За него пишува дека иако ѝ недостасувал, времето без него било како одмор.

- Кога е добро, тогаш е ебено добро. Останатите 300 денови е потешко од тоа што можете да замислите, се вели во една објава посветена на непознатиот сопруг.

На веќе избришаниот блог, кој бил активен до 2012 година, авторката говори и за недобивањето улоги кои многу ги сака...

- Нема да ве лажам, многу денови минав стуткана в кревет, со парче леб и малку вино. Жално и комично - вели таа во објавите.

Актерот Ленс Картер за „Дејли Мејл“ ги потврдува наводите дека Меган е таа која стои зад блогот. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата

Принцот останал во пријателски односи со двете, а на Меган не ѝ пречи што тие ќе присуствуваат.

Внуката на принцезата Дајана на Модната недела во Милано

Прекрасната Кити се појави на подиумот со син фустан, а нејзината визија беше надополнета со екстравагантна тиара

Нина, Соломун, Масео, „Тејл оф ас“, Брејха, Карл Крег и Родад на Егзит!

Со повеќекратни овации и две навраќања на бис, Нина Кравиц доаѓа на Егзит да креира волшепства со публиката од целиот свет.

Ѕвездата на „Династија“ го допре дното: Го претепала партнерот, па нападнала полицајци

Хедер Локлир долга низа години се бори со зависност од алкохол и разни дроги.

Хајди Клум им одговори на критичарите: Зарем јас не можам да бидам уште секси?

Славната германска манекенка која има 44 години, се соочила со „ејџизамот“ (негативен став или стереотипно однесување кон стареењето и повозрасните).

НАЈЧИТАНИ