Бона
2000-2014
Неуморен играч и чувар
Бона беше најдоброто куче кое сме го имале досега. Беше многу паметна, мирна, милна, но и одличен чувар на куќата. Таа едноставно како да беше пример за куче. Многу сакаше да си игра со дрвено гранче, ние ќе ѝ го фрлевме гранчето, а таа сакаше да го донесе и одново и одново да ѝ го фрламе. Неуморно сакаше да си игра и никогаш не беше здодевна.
Не сакаше многу да се топи во вода, па така еднаш кога случајно се лизна и падна во реката Треска, ни беше лута некое време. Ми дозволуваше да ја „јавам“, што ми беше омилен начин да ја гњавам кога имав 2 години.
Иако сега имам ново куче, мојата мила Бона никогаш нема да ја заборавам и секогаш ќе ми недостасува нејзиниот умен и љубопитен поглед.
Искра
Зачувајте го споменот на Вашето милениче со зборови, слика. Споделете ги спомените за Вашето милениче на место каде што Вие, Вашето семејство и Вашите пријатели ќе можете да се сетите на верниот придружник кој Ви донел толку радости и посебни заеднички мигови.Испратете ги Вашите фотографии и текст, како и скен или фотографија од уплатницата на жиро сметка 300000003363414 Комерцијална Банка Скопје. Фактурата ќе биде испратена по пошта.Цена: 500 денари (424 денари + 76 ден. ДДВ).Контакт: contact@plusinfo.mk, телефони: 02/3179-545 секој работен ден од 8.30 до 16 часот или 077 511 716 (во секое време).