• 04 мај 2024
  • Вести денес: 0

Александар А.


1940-2016

Својата тајна ја однесе со себе

Својата тајна ја однесе со себе. Тоа го сфатив откако замина. Всушност, никогаш докрај и не успеавме да се запознаеме, да доразговараме, да си дораскажеме, да се досмееме. Беше љубезен со сите, особено со продавачките кои те обожуваа како редовен муштерија зависен од добро и свежо мелено кафе. Не сакаше конфликти и избегнуваше мачни објаснувања и по цена да бидеш погрешно протолкуван.

Беше зависен од добра книга и остави огромна библиотека зад себе, која денес ја користат твоите внуци. Во виорот на секојдневието не сме ни стасале да видиме дека секому одделно си ни посветил по некој наслов. Ти благодариме што си мислел на нас и тогаш кога ние не сме ни слутеле каде ќе не однесе животниот пат и кои книги при тоа ќе ни затребаат.

Почивај во мир!

Погребот ќе се изврши на 22.06.2016 на градските гробишта Бутел во Скопје, во 12 часот. 

Дивна
 

(Напомена: Текстот е објавен без фотографија за да послужи како пример за објави во рубриката Споменар)
 

 

Славете го животот на Вашите најмили

Информирајте ги вашите блиски, вашите пријатели за заминувањето на Вашиот близок низ фотографија и текст. Споделете ги он лајн помените и сеќавањата за Вашите најмили, славете ги заедничките спомени, зачувајте ги во една семејна разгледница. Изберете ги нивните најубави и најсреќни моменти овековечени низ фотообјективот.

Испратете ги Вашите фотографии и текст, како и скен или фотографија од уплатницата на жиро сметка 300000003363414 Комерцијална Банка Скопје. Фактурата ќе биде испратена по пошта.

Цена: 500 денари (424 денари + 76 ден. ДДВ).

Контакт: contact@plusinfo.mk, телефони: 02/3179-545 секој работен ден од 8.30 до 16 часот или 077 511 716 (во секое време).

НАЈЧИТАНИ