• 04 мај 2024
  • Вести денес: 0

Трајче Грујоски


1921

Почина Трајче Грујоски

Денеска во Скопје почина Трајче Грујоски, универзитетски професор во пензија. Роден е на 19 август 1921 година во село Раково, Леринско, Грција. Основно и средно образование завршил во Битола, а Правно-економски факултет во Скопје, каде што се здобил со титула доктор на науки. Беше редовен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и на битолскиот „Св. Климент Охридски“. Автор е на повеќе дела од општествено-економскиот и политичкиот систем. Бил на повеќе високи државни и политички функции: министер во Владата на СФРЈ, потпретседател на Извршниот совет (владата) на СР Македонија, делегат во Собранието на СФРЈ, судија во Уставниот суд на македонија, потпретседател на Собранието на СРМ, член на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија, претседател на првиот Управен одбор на Радио Скопје и на МРТВ, претседател на Издавачкиот совет на НИП „Нова Македонија“. Бил член на СКОЈ од 1938 година, а од 1940 и на Комунистичкат партија на Југославија. Еден е од организаторите и првоборците на Народно-ослободителната и антифашистичка војна на Македонија од 1941 до 1945 година (носител е на „Партизанска споменица 1941“), а во 1942 година бугарскиот фашистички суд го осудил - во отсуство - на 15 години строг затвор. Бил партизан во неколку одреди во Битолско. До последните мигови беше (утрешната колумна во „Слободен печат“ е негова последна) активно ангажиран во одбрана на слободата, принципите и на општествените вредности.  

neka mu e lesna zemjata. posleden pozdrav od familija Hadzipopovski Bitola

Славете го животот на Вашите најмили

Информирајте ги вашите блиски, вашите пријатели за заминувањето на Вашиот близок низ фотографија и текст. Споделете ги он лајн помените и сеќавањата за Вашите најмили, славете ги заедничките спомени, зачувајте ги во една семејна разгледница. Изберете ги нивните најубави и најсреќни моменти овековечени низ фотообјективот.

Испратете ги Вашите фотографии и текст, како и скен или фотографија од уплатницата на жиро сметка 300000003363414 Комерцијална Банка Скопје. Фактурата ќе биде испратена по пошта.

Цена: 500 денари (424 денари + 76 ден. ДДВ).

Контакт: contact@plusinfo.mk, телефони: 02/3179-545 секој работен ден од 8.30 до 16 часот или 077 511 716 (во секое време).

НАЈЧИТАНИ