Д-р Сребро Давидовски
1921-2016
Почина д-р Сребро Давидовски, офталмолог и хирург од Балтимор
Д-р Сребро Давидовски, пензиониран офталмолог и хирург, почина од пневмонија во недела, во Еденвалд пензионерскиот комплекс во Таусон. Тој имаше 95 години.
Д-р Семјуел Д. Фридел, бивш студент на д-р Сребро Давидовски, кој заседава со офталмолошкиот отсек на медицинскиот центар на универзитетот „Мериленд“ посочи дека смртта на д-р Давидовски претставува „последна нишка на една раса“.
„Тој беше доктор остар ков, каков што сите се надевавме дека ќе станеме“, рече д-р Фридел.
„Беше господин, чудесен наставник и добар со пациентите. Поседуваше прекрасни хируршки вештини, а како професор по хирургија, тој беше и одличен наставник и ментор за сите нас“, рече тој.
Син на Велјан Давидовски, кројач и земјоделец, и Дала Шарески, домаќинка, Сребро Давидовски се родил и пораснал во Леуново, Македонија. На 11-годишна возраст го примиле во престижната тетовска гимназија. Од 1942 до 1944 го посетувал Медицинскиот факултет во Софија, Бугарија.
Студиите ги прекинал заради Втората светска војна. По завршувањето на војната, се вратил во училишната клупа од 1947 до 1955 и ги завршил медицинските студии, стажирал на Сорбона и специјализирал во отоларингологија во Париз.
Во Париз, во 1951 се запознал со Олга Тогнет, филолог, со која подоцна се оженил.
Двојката живеела на левиот брег на Париз до 1955, кога емигрирала во Балтимор, бидејќи д-р Давидовски се придружил на екипата на Балтиморската болница за очи, уво, нос и грло на аголот на Јуто Плејс и улицата Ланвеил.
Додека работел во болницата, др. Давидовски ги презентирал „новите техники во микроскопската хирургија на уши со кои се стекнал во Европа, а кои сè уште не биле достапни во САД“, напиша ќерка му Мира Давидовска од Кенсингтон во нејзината биографија пратена по електронска пошта.
Додека работеше во болницата, д-р Давидовски исто така учеше офталмологија и офталмолошка хирургија. На крајот тој стана шеф на одделот во болницата.
Во 1959, отвори приватна ординација со д-р Харолд Ц. Дикс на ул. N. Charles St., бр. 405, а подоцна отвори и сопствена ординација, „Davidovski Eye Associates“, со два ограноци, во Тоунсон и Катонсвил.
„Како професор-хирург, тој почитуваше концепти, филозофии, мислења и фокус. Беше одличен професор,“ рече д-р Фридел, негов студент во старата Општа болница во Мериленд.
„Во моите предавања се навраќам на неговите изјави и филозофија,“ вели тој. „Тој ми е пример. Се трудам да се однесувам со студентите на истиот начин на којшто тој се однесуваше со мене. Навистина беше уникатен.“
Д-р Џорџ С. Малуф, офталмолог од Вашингтон и студент на д-р Давидовски, го нарече докторот „еден од највлијателните професори кои сум ги имал“.
„Имаше многу лесна рака, па често велевме дека „лизга со инструментите по рожницата. Од хируршки аспект, немам видено никој друг со полесна рака. Одсекогаш сакав да бидам хирург како него. Имаше одлична рака“, рече д-р Малуф.
Го опиша д-р Давидовски како „многу трпелив наставник“.
Д-р Малуф се сеќава на случај на трансплантација на рожница што двајцата ја вршеле на 4 јули 1982 год.
„Ме тераше да ја прешивам рожницата, сè додека не ја зашив доволно цврсто. Доколку шевовите беа премногу цврсти, морав да ги извадам и повторно да зашијам,“ рече тој.
Д-р Давидовски соработуваше со Општата болница во Мериленд, денес позната како University of Maryland St. Joseph Medical Center, и болницата Св. Агнес.
Во 1970-те, Балтиморското списание го назначи за водечки специјалист офтолмоог во Балтимор, а во 2009 Мерилендската асоцијација на очни доктори и хирурзи му искажа почест за 50. години работа.
„Како реномиран хирург, има третирано стотици пациенти во периодот од повеќе од 50 години минати во Балтимор,“ напиша ќерка му. Се пензионирал во 2006.
Д-р Давидовски живееше во West University Parkway од 1965 сè до 2009, кога се пресели во Еденвалд.
Ја проучуваше европската историја и светските збиднувања и уживаше во класичната музика и градинарството.
Ќерката на д-р Сребро Давидовски напиша дека тој беше „прекрасен домаќин и уживаше во кажување анегдоти“. Таа понатаму напиша дека тој уживал во подготовката на комплексни гурмански оброци за пријателите и семејството и во разговорите до доцна во ноќта.
Д-р Малуф посочи дека „тој беше навистина космополитски човек, учтив и прекрасен со сите. Беше пример за сите. Навистина го почитувам“.Се сеќавам, отидов да го потсетам во Еденвалд и тој нарача шише шампањ. Колкумина би го сториле тоа? Навистина европски.“
Полиглот, тој зборуваше македонски, неговиот мајчин јазик, како и англиски. Течно ги зборуваше и српскиот, францускиот, рускиот, албанскиот и италијанскиот јазик.
Д-р Давидовски беше разведен.
Погребот не е отворен за пошироката јавност.
Зад себе, освен оваа ќерка, д-р Давидовски остави две други ќерки – Флоренс Давидовски од Таунсон и Лулу Кауфман од Роланд Парк и пет внуци.
(Преземено од „Балтимор сан“)
Информирајте ги вашите блиски, вашите пријатели за заминувањето на Вашиот близок низ фотографија и текст. Споделете ги он лајн помените и сеќавањата за Вашите најмили, славете ги заедничките спомени, зачувајте ги во една семејна разгледница. Изберете ги нивните најубави и најсреќни моменти овековечени низ фотообјективот. Испратете ги Вашите фотографии и текст, како и скен или фотографија од уплатницата на жиро сметка 300000003363414 Комерцијална Банка Скопје. Фактурата ќе биде испратена по пошта. Цена: 500 денари (424 денари + 76 ден. ДДВ). Контакт: contact@plusinfo.mk, телефони: 02/3179-545 секој работен ден од 8.30 до 16 часот или 077 511 716 (во секое време).
Гоце Волчески
Ванчо Чавдарски
Светлана Антоновска