• 04 мај 2024
  • Вести денес: 0

Афродита Марковиќ


1945-2016

Замина нашата мајка и нана

На 26.09.16 почина нашата сакана мајка и нана

Афродита Марковиќ

Погребот ќе се изврши на Градските гробишта Бутел, во петок, 30.09.16 во 11 часот.

Од Леа, Јана, Крег, Марко, Тео и Филип

Последен поздрав упатија Славчо и Маја Филипчеви и Никола и Ружица Филипчеви. 

Афродита Марковиќ е родена во Охрид, 1945 година. Филмски работник - аниматор. Дипломирала на Градежно-архитектонскиот факултет во Скопје. Краток период работела како професор по математика и нацртна геометрија во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје, а потоа како архитект за внатрешно уредување во фабриката за мебел „Треска“. Од 1975 година професионално работела во продуцентската куќа Вардар филм. Од 1989 до 1995 година живеела во Лондон каде работела во областа на филмот. Од 1995 година била раководител и продуцент во Студиото на анимирани филмови на Вардар филм. Во 1999 година е именувана за в.д. директор на продуцентската куќа Вардар филм.

Членувала во Друштвото на филмските работници на Македонија, како и во Асоцијацијата на професионални филмски работници на Велика Британија со седиште во Лондон. 

Добитник е на повеќе награди: 1987 ФЈДКФ, Белград, Златен медал - Београд за најдобар анимиран филм / „Апартман“ 1987 ФФ, Титоград, Гран - при / „Апартман“ 1987 ЈУ АСИФА за најдобар дебитантски анимиран филм / „Апартман“

Од нејзината филмографија издвојуваме: 

1976: Стоп (соработник)
1977: Адам (5 до 12) (соработник) 
1977: Стрелби (соработник) 
1978: Буквар за писмени(соработник) 
1978: Успех (соработник) 
1979: Циркус (соработник) 
1979: Последниот прозорец (соработник) 
1980: Рака (соработник)  
1983: Пецко - еден ден живот (соработник) 
1983: Пецко - нафтен дериват (соработник) 
1985: Пецко - дрвце (аниматор)
1985: Пецко - слика (аниматор)
1985: Ангроинженеринг (соработник)  
1986: Блабатори (соработник) 
1986: Напред - назад (соработник) 
1986: Филм од хартија (соработник) 
1987: Апартман (режија, аниматор, сценарио)
1988: (Нај)тешкото (режија, аниматор)

 

 

Славете го животот на Вашите најмили

Информирајте ги вашите блиски, вашите пријатели за заминувањето на Вашиот близок низ фотографија и текст. Споделете ги он лајн помените и сеќавањата за Вашите најмили, славете ги заедничките спомени, зачувајте ги во една семејна разгледница. Изберете ги нивните најубави и најсреќни моменти овековечени низ фотообјективот.

Испратете ги Вашите фотографии и текст, како и скен или фотографија од уплатницата на жиро сметка 300000003363414 Комерцијална Банка Скопје. Фактурата ќе биде испратена по пошта.

Цена: 500 денари (424 денари + 76 ден. ДДВ).

Контакт: contact@plusinfo.mk, телефони: 02/3179-545 секој работен ден од 8.30 до 16 часот или 077 511 716 (во секое време).

НАЈЧИТАНИ