• 04 мај 2024
  • Вести денес: 0

Гоце Волчески


1954-2017

Почина Гоце Волчески

Со неизмерна тага и болка во душата соопштуваме дека на 27 мај 2017 година почина нашиот сопруг, татко и дедо, човекот кого најмногу го сакавме и почитувавме и на кого сме му вечно благодарни за сé што направи за сите нас.

„Смртта не е ништо страшно. Замисли дека сум во другата соба, дека сум излегол од задната врата. Не се плаши. Сé ќе помине. Ти ќе си бидеш пак ти истата, јас ќе сум ти пак татко горд, само од подалеку. Тука сум. 

Не плачи. Не можеме да ја победиме смртта, но понекогаш можеме да го победиме она што не убива додека живееме. Не биди ситна душа. Всушност, не можеш да си таква. Ти си мое дете, мој ген. Не пливаш во исто корито како сите. Гледај си ги дечињата, биди како нив. Секогаш купувај си и за себе киндер јајце. Биди добар човек, без оглед колку е темно.

Решавај. Испробувај. Живеј. Времето е она што го бркаат сите. Не брзај, земи воздух. Забележи ги детелинките и пеперутките што толку те интересираа кога беше мала. Ќе дојдат моменти кога ќе посакаш да се ничкосаш и да останеш на земја, зошто многу се собрало во душата, зошто е многу тешко да се изнесе гневот или тагата или туѓата малодушност надвор од себе. Остани мирна. Јас ќе ти бидам ветер во грбот.

Не ги затварај очите кога ме мислиш, ами отвори ги широко, како дух исполнет со живот. Тука сум. Те чувам. Стражарам. Не се грижи што не можеш да ме видиш. Ќе ме познаеш.  Сеќавај се на мене и биди среќна. Твојата насмевка е мојот мир“....Во спомен на татко ми Гоце

 

 

Славете го животот на Вашите најмили

Информирајте ги вашите блиски, вашите пријатели за заминувањето на Вашиот близок низ фотографија и текст. Споделете ги он лајн помените и сеќавањата за Вашите најмили, славете ги заедничките спомени, зачувајте ги во една семејна разгледница. Изберете ги нивните најубави и најсреќни моменти овековечени низ фотообјективот.

Испратете ги Вашите фотографии и текст, како и скен или фотографија од уплатницата на жиро сметка 300000003363414 Комерцијална Банка Скопје. Фактурата ќе биде испратена по пошта.

Цена: 500 денари (424 денари + 76 ден. ДДВ).

Контакт: contact@plusinfo.mk, телефони: 02/3179-545 секој работен ден од 8.30 до 16 часот или 077 511 716 (во секое време).

НАЈЧИТАНИ