Вечерните седенки се празни
Колку и да изминува времето, колку и да сакаме не можеме да те вратиме. Ти си таму некаде, далеку од сите нас. Далеку во вечните пасишта, каде што си заедно со сите добри луѓе кои заминале пред тебе. Веруваме дека можеш да не видиш, дека можеш да не слушнеш кога ти кажуваме дека ни недостасуваш.
Низата некажани зборови кои останаа меѓу нас не го лечат времето кое минува откако ти замина. Тешко се надополнува и твоето отсуство. Повеќе и вечерните седенки не се тоа што беа. Луѓето велат дека времето лечи се. Да, животот продолжува, мора да се живее, пред се, за себе си и за тие кои остануваат зад нас, но, секогаш е тешко кога ќе помислиме дека те нема. Таа болка не се лекува.
Горан