Роберто Беличанец
1972 – 2013
Тишината не е решение
Роберто Беличанец нѐ напушти ненадејно. Без најава, без збогување. Поминаа три години од неговата смрт, а неговите најблиски и неговите пријатели сѐ уште не можат да ја прифатат суровата реалност на неговотo отсуство. Времето поминува, а тој сѐ повеќе ни недостига. Беше исклучителен интелект. Сакаше разумот и емоциите да ги стави во рамнотежа. Затоа, имаше остро аналитичко око, но и истенчен сензибилитет да препознае и да реагира на најмала неправда или дискриминација. Непоколебливо се бореше за слобода и демократија. Авторитарниот режим „го вадеше од такт“. Беше духовит и ироничен. Имаше широка, незапирлива и заразна насмевка. Сметаше дека хуморот најдобро ги разобличува и соголува тираните. Беше и гласен затоа што, сметаше дека тишината не е решение. Иако не е веќе со нас, Роберто е сепак, со нас. Борбата за слободна Македонија продолжува. Таа е негов аманет!
Билјана Бејкова
Информирајте ги вашите блиски, вашите пријатели за заминувањето на Вашиот близок низ фотографија и текст. Споделете ги он лајн помените и сеќавањата за Вашите најмили, славете ги заедничките спомени, зачувајте ги во една семејна разгледница. Изберете ги нивните најубави и најсреќни моменти овековечени низ фотообјективот. Испратете ги Вашите фотографии и текст, како и скен или фотографија од уплатницата на жиро сметка 300000003363414 Комерцијална Банка Скопје. Фактурата ќе биде испратена по пошта. Цена: 500 денари (424 денари + 76 ден. ДДВ). Контакт: contact@plusinfo.mk, телефони: 02/3179-545 секој работен ден од 8.30 до 16 часот или 077 511 716 (во секое време).
Гоце Волчески
Ванчо Чавдарски
Светлана Антоновска