На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Младиот скулптор Горазд Христов завршил средно уметничко училиште, отсек керамика, а потоа го продолжил школувањето на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек Вајарство (со сценографија), кадешто дипломирал минатата година.
На 1 октомври (недела) ќе се одржи неговата прва самостојна изложба со наслов „Face Off“ која е необична и поради делата кои ќе бидат изложени, а претставуваат отисоци од ликови на стотици другари, пријатели, роднини и познаници на уметникот, но и поради просторот во кој ќе бидат поставени - Клуб „43“.
По завршувањето на средното училиште честопати децата се уште не знаат каде да го продолжат школувањето. Како се одлучи ти за уметност?
- Знаев дека сакам да бидам уметник уште на 13-14 години кога требаше да се запишам во средно и секако, се запишав во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“.
Никогаш не сум сакал типично образование со куп непотребни предмети за кои ќе мора да губам време. Сакав поголема слобода и сакав да го правам тоа што го сакам - да создавам предмети и мојата имагинација да ја претворам во 3Д форми, најпрво, како мал, од пластелин, во средното училиште кадешто се запишав на отсекот керамика - од глина, и како што течеше моето образование, од најразлични други материјали со кои се работи во текот на студиите по вајарство.
Како би ги опишал своите дела?
- Она што го правам откако ги завршив студиите се дела, предмети во кои ја материјализирам сопствената имагинација, ја отелотворувам во скулптури кои не се верна копија на моделот, туку раскажуваат некоја своја приказна.
Каква приказна сакаш да раскажеш со својата прва самостојна изложба која ќе биде отворена во недела, на 1 октомври и зошто ја нарече токму - Face Off?
- Делата кои се дел од оваа изложба се нешто што го правам веќе подолго време и иако сум се уште млад и далеку од познат, мислам дека сум препознатлив со нив, барем во еден одреден круг на луѓе кои на некој начин се дел од нив, или пак ги имаат дома или некаде ги виделе.
Станува збор за отисоци од ликови на вистински луѓе, мои, на другари, на блиски пријатели и роднини, на не толку блиски пријатели и соседи, на сите кои биле подготвени да ја пикнат главата во глина и да го остават својот отисок кој никогаш не е онаков какви што се тие однадвор, туку е на некој начин одраз на нивната состојба во моментот кога го прават отисокот.
Затоа кога некој ќе ми дојде дома на кафе, а јас ќе го прашам дали би сакал да направиме отисок од неговиот лик или пак веќе дошол со идеја да остави отисок, им велам: „Време е да се запознаеме такви какви што сме“.
Имено, на оние кои го оставаат својот отисок им велам да не се трудат да остават совршен отисок, туку да се обидат да го имаат на себе оној израз, експресија на она што го чувствуваат во моментот, на нивното моментално расположение.
Така некои ја ставаат главата во глина врескајќи, други со стиснати усни, трети насмеани, четврти со затворени очи, петти со отворени, и така натаму.
Секако, себеси се имам во различни расположенија и варијанти. Потоа од отисокот правам дело, а ликовите ги спојувам во најразлични приказни, според некоја моја логика и идеја.
Чиј беше првиот отисок што го направи и како воопшто дојде на оваа идеја?
- Првиот отисок беше мој. Го направив уште во средно, ама чисто за проба, од љубопитност, за да видам како ќе излезе.
Потоа сосема случајно, некаде на средината од студиите, го направив следниот, а потоа „експлодирав“ и направив барем десетина во една вечер.
Не се сеќавам веќе ни зошто, но знам дека бев многу нервозен додека седев во просторијата во која работам и едноставно ја пикнав главата во садот со глина која ја имав подготвено за моделирање. Кога го видов отисокот, односно кога од него ја излеав главата, таа беше навистина грда, ама беше и одраз на моето моментално (не) расположение.
Таа вечер ја пикнав главата во глина барем десетина пати и некако почна да ми се поправа и расположението (се смее).
Така отпочна приказната со отисоците кои потоа почнав да им ги правам на најдобрите другари, на девојката, на пријателите, на братучедите,...
Потоа почнав да ги спојувам и да правам големи формати и тоа е тоа.
Колку што сфатив некои од нив имаат и употребна вредност. За што станува збор?
- Едно од моите дела беше изложено на плоштадот во рамките на „Баскер фест“, му се допадна на Темов, и некако спонтано дојде до идејата да направам нешто слично, но во форма на држачи за шишиња кои ќе можат да се стават на ѕид и да бидат и употребливи.
Некои од делата, не во форма на држачи за шишиња, туку како дел од ентериерот, се наоѓаат и во неколку приватни куќи.
Некои сметаат дека овие отисоци се морбидни и вознемирувачки, но што е делото ако не вознемирува?!
Дали како млад уметник си оптимист дека ќе можеш да успееш тука или сметаш дека за тоа е сепак потребно да се замине некаде во странство? Какви се твоите планови?
- Според мене, не е важно каде си, туку е важно дали знаеш што сакаш да направиш и дали знаеш како да го направиш тоа. Такашто, верувам дека човек може да успее без оглед на тоа каде живее, значи, дури и кај нас.
Да помине прво изложбата, а за понатаму имам големи планови и многу идеи. Освен со скулптура, имам желба да работам и сценографија, па се надевам дека еден ден ќе имам можност и за тоа.
И за крајот, зошто одлучи наместо во галерија или во некој друг изложбен салон, изложбата да ја правиш во ноќен клуб?
- Затоа што сакам да биде различно од се досега, а и затоа што мислам дека моите дела многу подобро ќе се вклопат во таков простор отколку во галериски. Благодарен сум му на сопственикот на Клуб 43 (Томе Корнер), кој ме поддржа и ми го отстапи просторот.
Тој е автор на текстот на оваа претстава чија премиера во МНТ, во режија на Драгана Милошевска-Попова, беше минатата година.
Наградата „Балкански мостови“ e за најдобар филм на шестиот фестивал Balkan Florence Experience кој се одржа во Фиренца од 22-ри до 25 февруари.
Преводот на песните од албански на македонски јазик е на Линдита Ахмети.
„Нема да дозволиме изумирање на читателската култура, ќе им помогнеме на издавачите и љубителите на книгата“, соопшти Министерството за култура.
Меѓу номинираните се и познатите светски писатели Каѕуро Исигуро, Тони Морисон, Јак Мекјуан, Џонатан Литл, Амоз Ос, Маргарет Етвуд и други.