На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Во некои делови од светот во кои секој за себе и својата нација ја доживува само како недолжна жртва на другите и поинаквите, нужно се развива извесна култура на зависност од зло и несреќа како душевна храна, како силен психоактивен стимуланс. Оти, замислете само да нема зло, да нема несреќа: што тогаш би правеле, во што би ја усмериле својата мрачна, уништувачка енергија? Пред неколку дена Министерството за култура спонзорирало некакво здужение кое, како што нѐ известуваат весничињата - „дете-талент пеело за Исмет Јашари и УЧК“, и - благодарение на тоа добило финансиски средства од Министерството за култура. Па се дигна некаква „џева“, почнаа патриотските портали да врескаа типично, досадно и злобно. И од „лева“ и од „десна“ страна. Притоа, воопшто не навлегувам во постапката, критериумите и аргументациите за проектот, нешто друго го „зачеша“ мојот нос, драг Вотсоне! Албанците во Македонија на многу начини се доживеани како голема несреќа: за некои тоа е автентичен проблем, пред сѐ за оние кои се од Косово и Албанија, а оние Албанци кои живеат на оваа територија, мнозинството Македонци реагира ритуално, „хиенско“ губитнички, состојба во која интимно нарцистички се ужива, а „јавно“ се глуматори на Голема повреденост, демек ние Македонците сме побројни, ние нив сѐ им дадовме, а тие уште чекаат дополнителна „наплата“, само колку да го порамниме „виртуелниот“ долг. Велам виртуелен, затоа што големо е прашањето колку Македонци се дружат со Албанци, а притоа не мислам на политичарите, туку мислам на обичните, секојдневни луѓе. На ниво на „висока“ политика тоа се работи преку патетични и театрални прокламации, а пак измеѓу „реалниот свет“ сѐ е тоа некако многу непосредно, со последици кои нималку не се виртуелни... Ете, Министерството за култура дoдели проект во вредност од толку-и-толку-пари, се дигна џева, почнаа патриотските портали да врескаат типично, досадно и злобно. И од „лева“ и од „десна“ страна. Притоа воопшто не навлегувам во постапката, критериумите и аргументациите за проектот, нешто друго го „зачеша мојот нос“, драг Вотсоне! Имено, патриотите од сите страни мислат вака: Министерството за култура е наше, а бидејќи е наше, не смее да се финансира „непријателот“, а непријателот може да биде УЧК, можеби со тие пари се финансира и самата Ал-Каида, или можеби Дарт Вејдер, или Хогар Страшниот или така некој македонски душман. Во секој случај се помага некој кој не е „Ние“, туку е „Тие“. И со денови траеше тој јавен смрдлив уличарски театар а никој со прст не мрдна. Требаше Министерството за култура, ако јас се прашувам, да отиде во Тетово, да испие кафе, изеде една кифла со мед во, да речеме, ресторан „Куртиши“, па фино да му објасни на малиот „талент“ дека ние сме малку забегани, така што тоа би било силна и јасна порака дека Македонија се демократизира, хуманизира и цивилизира. Таа прилика е пропуштена. Министерството за култура имаше шанса, таа шанса ја пропушти. Но, и тоа не е вистинско прашање. Ама, добро, Јовановиќу, што е тогаш „вистинско“ прашање, тоест, каков е тој процес во главите кој доведува да такви бизарни поврзувања на еден „историско-политички“ процес помеѓу Македонците, Албанците и некое детенце кое аплицирало за проект и добило финансиски средства? Прво, што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци, односно, зошто младото момче би било помалку одговорно од некој часовничар од Стајковци, кој по националност е Македонец, или некој чевлар од „Стара чаршија“ во Скопје кој по националност е Бошњак? Сите овие, имено, „мали“ луѓе без никаква политичка и општествена моќ, сите тие работат и плаќаат даноци во државата Македонија. Единствено нешто што некој Бошњак од „Стара чаршија“ го прави „различен“, што го прави „одговорен“ е, неговата национална припадност, што значи својство кое е неодбрано, „вродено“: националноста имено не е биолошка категорија, туку е силно социјално условена така што има многу ретки случаи во кои човек национално се изразува како нешто друго од она што му се, да речеме, родителите. Во таа смисла националната припадност е работа во која обичната човечка единка не смета и не чувствува дека може да арбитрира – ти си тоа што ти кажале дека си, а ти можеби, кој знае, со задоволство би бил Швеѓанец или Криптонец, ама кој што те прашува... Оттука после сѐ е бесмислено, и убиствено опасно, да се смета било кој, со самиот факт дека национално припаѓаш, соодговорен за нешто што, „тамо некаде“, го прават некои луѓе кои му се случајни сонародници, а кои него не го прашале за дозвола тоа да го прават, ниту тој има било каква шанса во тоа да ги спречи, дури и кога би сакал. Ама, „што ако тој не би ни сакал“, сомничаво ме прашува „патриотскиот ум“? Па, повторно ништо: никој не смее да трпи последици поради своите интимни верувања, вклучувајќи ја и онаа „национално-политичка“. Државата се разликува од чопорот или хордата според тоа што има јасни и разумни закони, а законот казнува само активна противзаконитост која му нанесува зло не само на чевларот, туку и на оние кои ги дискриминираат: таквите директно се спротивставуваат на законските норми и цивилизациските стандарди. Консеквентно, таквите се „антидржавни елементи“, затоа што работат против државата – не само против државата Македонија како сопствен „Тотем“, туку против „секоја држава“, против државата како историска нужност и цивилизациски институции кои помеѓу останатото постојат за решавење на „безвезните“ и безумните конфликти на интереси и спречува арбитрарна дискриминација на своите граѓани. Е сега, доаѓаме до главното. Би било премногу бахато од моја страна ако не го дефинираме тоа што тие луѓе го прават, односно од каков историски извор „таквото“ доаѓа. Се работи за идеологија и пракса кој несомнено припаѓа на нацистичкиот корен: Евреите се, како колективитет, однапред виновни за нешто, и затоа се удира кон нив. А нивното страдање, да се присетиме, тргна од врескање и урлање, тоест бојкотирања и кршења на нивни дуќани. Се разбира, овој денешен „постмодерен“ нацизам не мора да се заврши така драстично, во конц-логори, ама основата му е иста: расистичка. Еден од Македонците ќе напише: „сѐ би било поинаку ако ги немаше тие ‘Шиптари’“, демек покажувајќи го со тоа „интегритетот на Македонија“. Обидувајќи да покаже дека не е расист, овој „резонер“ докажува расистички резон „пар екселанс“: зошто некој млад дечко од Тетово мора да се правда зошто би аплицирал во Министерството за култура, или оној чевлар од „Стара чаршија“, или оној часовничар од Стајковци би морал да ја докажува својата лојалност? Невозможно е да се пронајде било каков друг одговор освен во неговата национална припадност, затоа што тоа е единствен „фактор на ризик“. И со тоа кругот се затвара, а ние се враќаме на почеток од приказната: испаѓа дека самото „албанство“ и самото „македонство“ е „вродено“ исто како и „шведството“, некој вид „наследен грев“, преку кој, додуша, можеш да се „испереш“, и тоа така што симболички ќе се одрекнеш од заедицата на Грешните. Меѓутоа, ако тоа го направиш, ти признаваш дека претходно си бил „грешен“, испаѓа дека си „роден во грев“, во грев од погрешна припадност. А тоа значи дека националноста може да биде грев, потоа сосема сеедно е дали простуваш или непростуваш. А тамо кајшто било чија националност е грев, имаме работа со нацизам. И тука нема релативизација, нема заебанции: или си или не си. Не Албанец или Македонец, туку нацист.
(Објавено во „Слободен печат“)
Сè уште не е јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.
На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.
Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.
Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.
Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.
На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.
Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.
Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.
НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.
Во преговорите за името Македонија не го брани својот идентитет, туку го гради. Ова е најдлабокото проникнување во суштината на македонската тековна егзистенција. И во перспективите.