• 10 декември 2024
  • Вести денес: 0

Оние кои мислат дека издавањето на безбедносни сертификати за новинарите од страна на Кабинетот на претседателот Иванов е само добронамерна несмасност на оваа висока државна инстанца, се лажат. Зад таквиот потег стои политички промислен обид да се поткопа и успори интензивирањето на реформите во безбедносниот сектор кои следуваат до крајот на оваа година. Тоа се однесува и на воениот и на цивилниот дел од областа на надлежноста на Иванов.

Тоа, се чини, е новата стратегија на Иванов за „продлабочување“ на кохабитацијата со Владата на Заев. Седи, така, Иванов на Водно и си мисли…

Најнапред, интеграцијата на Македонија во НАТО можеби ќе успее, а можеби и нема да успее – бидејќи тој процес, политички, сепак се одвива вон контролата на Иванов, а тој нема храброст да се вмеша и отворено да го опструира, остава текот на настаните да го сторат своето. Па, ако работата се искомплицира (што е, секако, можно), тие политички „плодови“ ќе му паднат во скутот на фонот на неговото политичко „вјерују“, дека Македонија припаѓа на Исток, а не на Запад, или, во најлош случај, на „ничијата земја“ меѓу Исток и Запад. Ако, пак, Македонија, сепак, биде примена во НАТО, што да се прави, виша сила, одиме понатаму, сепак има доволно говори во кои Иванов предострожно ја истакнал важноста на тој процес…

Потоа, истрагата за настаните од 27 април… За Иванов, таа работа е сè уште со нејасен исход: се разбира дека, со некои клучни луѓе околу себе, е „до гуша“ имплициран во тој неуспешен обид на ВМРО-ДПМНЕ за државен удар, но не му е јасно до каде се обвинителите подготвени да одат во јавното расветлување и на неговата улога во настаните. Ровитата политичка ситуација во земјата и „тежината“ на неговата функција, како претседател, до сега го заштити од објавувањето на детали од истрага и за улогата на луѓе од Претседателскиот кабинет во непријатните настани; но, Иванов знае (без разлика што зборува приватно и по брифинзи) дека таа истрага, сосе одлуките за притворите, не ја контролира Заев! Таа „кнедла“ му стои во грлото и не е сигурен во која насока ќе продолжи да се движи. Доколку се точни информациите дека и луѓе од АРМ, наводно, имале извесни задолженија во тие настани, имплицирањето на Иванов е неизбежно. Да предупредам: во тоа деманти не помагаат, сè додека обвинителите не ги заокружат сознанијата така како што ќе најдат за потребно. На тој случај, гледаме, сè уште се работи.

Конечно, реформата на безбедносните служби (Агенцијата за разузнавање е директно под негова контрола) не е проект што Иванов го чини среќен, бидејќи тие реформи треба да доведат до интегриран, поефикасен систем за безбедност во државата, во кој ќе се исклучи политичката злоупотреба врз нив, но и мешањето на тие служби во политиката на земјата. Иванов мисли дека во МВР и во ДБК, со промената на власта, се вратени кадри од некогашната пост-социјалистичка УДБА, и дека тие половина работно време трошат само на него! Тој, несигурен во себе, е класичен политички конспиратор, кој има и непријатна семејна историја со тие служби, башка колоритните еднодецениски искуства со Мијалков! Којзнае, неговите советници – има таму еден кој си ниша, па си ниша – во изминативе месеци и години со што сè не му ја наполниле главата, плус „ветерот“ што го пирка од разно-разни странски контакти… Речиси сум сигурен дека во областа на безбедноста (а и не само во неа) Иванов прилично живее во некаква Ла-Ла-Ленд.

Во таков контекст треба да се гледа „екскурзијата“ на претседателот со издавањето безбедносни сертификати за новинари (?!) – тоа е, имено, подготовка, на некои од тие новинари, претпоставувам, да им се лиферуваат (и) документи со безбедносни класификации, за и тие да почнат да им веруваат на заговорничките скаски кои царуваат во светот на Претседателскиот кабинет. Сè уште не е сосема јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ (покрај постоечката мрежа од курирци и други слични лузери), за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.

Сепак, мислам дека и најновата „стратегија“ на Иванов ќе доживее фијаско, како и сите негови претходни несмасни политикантски операции. Впрочем, нему функционерските месеци му се изброени, ќе го издржиме додека замине во незаслужена претседателска пензија.

 

извор: Цивил.мк

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Името и невиноста

На дневен ред е како оваа вукојебина да ја изнесеме од вукојебниот статус, односно да преживее и како да тргне напред.

За националното, хистеријата и лебот

Што има врска некое дете, кое по националност е Албанец, да биде „одговорно“ за сите Албанци?

Сертификати за идиоти

Знаете ли кои се тие „стручни лица – новинари“ што добиле безбедносни сертификати од Иванов? Кодошите на тајната полиција. Можеби и некој за кој Иванов сака да помислиме дека е таков.

Ќе ги загуби ли Заев нервите?

Класика: најголемиот непријател на СДСМ е секогаш СДСМ. Тој панаѓур на суети, интереси, пози и плачки Заев ќе мора сега да го скроти, пред внатре-партискиот интригантски канибализам да земе замав.

Мал чекор за Ќосето

Како и да е, малиот чекор за Ќосето сепак ќе биде голем чекор за македонската демократија зашто претставува вовед во справувањето и со сите други симболи на бившиот профашистички дпмнеовски режим.

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

Скок од височина од балканскиот гроб

Во преговорите за името Македонија не го брани својот идентитет, туку го гради. Ова е најдлабокото проникнување во суштината на македонската тековна егзистенција. И во перспективите.

НАЈЧИТАНИ