На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Еден од најголемите уметници во Босна и Херцеговина, познатиот сликар Сафет Зец испрати отворено писмо до граѓаните на БиХ во кое жали поради актуелната ситуација во земјата.
Опасни новотии Зец своето писмо го започнува сеќавајќи се на Божиќната честитка на некогашниот член на Претседателството на БиХ, Стјепан Кљуиќ упатено на 24 декември 1991, во која им го честита празникот на Хрватките и Хрватите, пренесува Дневни аваз.
- Тоа беше една од оние неразбирливи, смешни, но опасни новини како резултат на повеќепартискиот систем, новата национална и верска занесеност, кои требаше да бидат прифатени и на кои требаше да се навикнеме.
Ние, Иванка и Сафет, некакво „босанско“ семејство, а преку таткото на Иванка македонски католик, веќе негувавме мали, убави обичаи на скромно обележување на тој верски празник, па затоа уште повеќе ни пречеше тоа несмасно тенденциозно честитање само на Хрватите и Хрватките - пишува Зец.
Тој истакнува дека беа „издвоени три народи кои не може и не треба да живеат заедно“, постојните три религии станаа „национални одредници“, со три јазици, три истории, три култури ...
- Нас, мене и Иванка, со босански патни исправи не издвојуваа од колоните на граничните премини, а нашите соседи непречено поминуваа со пасошите. Така, што е уште почудно, босански католик или Хрват, да речеме, од некое Јебановце, ќе има право да размислува и да одлучува кој ќе биде и кого ќе избере и кој ќе го претставува во соседната земја Хрватска и нејзините органи на управување, додека ние во својата земја Босна и Херцеговина немаме право да избираме католици или Хрвати, некој православен или Србин или Бошњаци кои ги сметаме за попаметни, постручни – пишува понатану Сафет Зец.
Понатаму наведува дека веќе не постои можност да се декларира како Босанец, туку мора да биде неопределен.
- Не сакам да се изјаснувам религиски, точно е дека сум роден од муслимански татко и мајка, и израснал во таа средина и атмосфера. Сакам моите верувања да бидат моја интима. Мојата вера и верувања се сложени и различни, побогати. Се поклонувам (пред величенственоста, силата и непредвидливоста на природата, и нашата немоќ и минливоста над неа), но не сакам ниту е праведно во мојата босанска земја, како Босанец, да ме нарекуваат и именувааат како, и другите. Тоа е навистина неподносливо и понижувачко - наведува славниот уметник.
Трочлена карикатура Во писмото тој се осврнува и на тричленото Претседателство на БиХ.
- Се срамам, а, и смешно е да се гледаат и слушаат трите мои претседатели, во што сме, повторно, единстввени. Та зарем не можат да се договорат, цивилизирано, да претседава само еден, одреден период, на една година и да се менуваат, ако така мора, и така помалку да се брукаме и да имаме помалку трошоци. Уште кога ќе помислам дека „ги боли дупе“, како што се вели, за оваа земја, дека главите им се свртени и дека срцата им чукаат за Загреб и Белград, раката ја ставаат на срцето на нивните химни, бакнуваат нивни знамиња – додава понатаму Зец.
Познатиот сликар се осврнува и на тековните настани во помалиот ентитет. - Би се срамел од создавањето на Република Српска и не би го прославувал датумот на создавање, би ја наведнал главата поради начинот на кој е остварена: со луѓето, оружјето, логистиката, раководени од соседна земја и меѓународната иронија - напиша Зец.
Ме боли тоа што носам голема вина - Ме боли тоа што го носам, заедно со мојата и уште неколку генерации, големата вина затоа што премногу лесно ја предадовме веќе добро изградената Земја во рацете на примитивни, страсни националисти, кои ќе не воведат во ужасните години на војната и ќе го урнат и уништат сето претходно постигнато, а тоа не беше малку, и ќе распарчаат, она што умните луѓе, визионери сонувале, сврзувале и поврзувале во овој единствен простор на планетата, каде што, како никаде толку многу се сретнало, здружило, единствена легура од народи, религии, култури, цивилизации, физички и географски простор од планини, езера, долини, шуми, богатства, да има за сите и да прелее - напиша познатиот сликар Сафет Зец.
Подготви: А.Ј.
Во Израел има оружје буквално насекаде, многу повеќе отколку во САД. Сепак, Американците се убиваат едни со други 33 пати почесто од Израелците.
Во текот на судењето, пред судската зграда демонстрираа десетици негови земјаци, нарекувајќи го Ердоган „диктатор и фашист“.
Поранешен судија од Арканзас е осуден на казна затвор од 5 годинипоради барање на сексуални противуслуги во замена за поблаги казни.
Во Галеријата на Културно-информативниот центар во Загреб минатиот петок се случила кражба, а сега се објавени и снимки од настанот.
Марјан Миланов е човек на кој му бил трансплантиран бубрег од кадаверик. Не знае кој бил донорот, но оваа операција му го сменила животот