На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Се верува дека Винстон Черчил рекол дека Балканот произвел повеќе историја отколку што може да ја консумира. Изреката ја повторува практично секој кој имал причина да се справува со регионот, со добра причина, пишува Карл Билд за Вашингтон пост.
Прашањето ставено на маса сега е за наследството на Александар Велики, кој починал во Вавилон пред околу 2.300 години, и правото да се користи терминот Македонија.
Повеќе од четврт век, самото постоење на Република Македонија ги разгневува Грците кои тврдат дека името на нивниот сосед било украдено од грчката провинција која граничи со Македонија на југ. Грција (особено нејзиниот северен регион, од каде што потекнува Александар Велики) прави се што е можно за да ги блокира сите обиди на поранешната југословенска република Македонија за меѓународно признавање под тоа име.
Во април 2008 година, Грција ја блокираше кандидатурата на Македонија за членство во НАТО. И постојано ги блокираше препораките на Европската комисија за започнување на пристапните преговори на Европската унија со земјата. Во неделата повеќе од 100.000 луѓе маршираа во Атина, во знак на протест поради употребата на името „Македонија“. Во Солун се одржаа огромни демонстрации, а Грчката православна црква е против било каков компромис што го разбива грчкиот монопол на македонското име.
Меѓународниот суд на правдата во 2011 година пресуди дека според постојните договори Грција нема право да ги блокира преговорите за пристапување - но пресудата нема никакво влијание. Како некаков вид на одмазда, претходната влада во Скопје се подвргна на потсмев со именување на сè што е во видното поле по Александар Велики, подигнувајќи статуи на поранешниот крал во и околу земјата. Во центарот на Скопје се наоѓа гигантска статуа на Александар. На Грците не им беше забавно.
Маневрите со ова прашање понекогаш беа едноставно бизарни. По постигнувањето на спогодбата државата да влезе во Обединетите нации под ознаката „Поранешна Југословенска Република Македонија“, сè уште имаше спор околу тоа каде да седи на Генералното собрание. Вообичаено се користи азбучен ред, но тоа беше полесно да се каже отколку да се направи. Владата во Скопје одби да седне под „Ф“, додека владата во Атина беше непопустлива во блокирањето да седи под „М“. Компромисот беше да седи под „Т“ – „the“ former republic.
Беа одржани разговори меѓу македонскиот и грчкиот премиер, а започнаа и разни активности, консултации и патувања. Но, резолуцијата ќе бара брза и силна акција од страна на лидерите на двете земји, бидејќи тие и двајцата ќе мора да го совладаат големото противење на тврдокорните националисти.
Но, сега постои нова можност за решавање на овој проблем. Новата влада во Скопје се придвижи во унапредувањето на односите со Бугарија, каде што исто така постојат долготрајни историски прашања како пречки. И со Е.У. која излезе од периодот на хибернација за прашањата на балканското проширување, постои нова потреба од итност во справувањето со Македонија.
Ова е само последното поглавје на приказните за Македонија, за историскте судири и конфликти. Во подоцнежните фази на Отоманската империја комплексната етничка и културна мешавина на регионот одеше од еден меѓународен конфликт во друг - особено Првата и Втората балканска војна што го отворија патот за Третата балканска војна, која многу брзо станала Прва светска војна.
Во раните 1990-ти, Обединетите нации распоредија превентивни мировни сили, со американско воено учество, во Македонија. Пред помалку од две децении земјата речиси се распадна, во она што до одреден степен беше одложено продолжение на војната во Косово неколку години претходно.
Вашингтон, Париз, Берлин, Лондон и други треба да обрнат повеќе внимание и да направат се што можат за да создадат и поддржат практично било каков компромис за името. Доколку овие напори не успеат, и ако Македонија повторно се блокира за влез во НАТО и ЕУ би можеле да видиме подигање на тензиите во историски нестабилната област.
Постојат бројни алтернативи кои треба да бидат прифатливи за сите – „Горна Македонија“ е само една од многуте - но бара јасна волја, силна решителност и посебна политичка храброст да го направат потребниот компромис. Помошта од Москва, од друга страна, веројатно е малку веројатна. Напротив, најверојатно има сили во Русија кои сакаат да ги размрдаат лончињата на националистичките страсти на Балканот, со цел да го попречат секое понатамошно проширување на ЕУ или НАТО во регионот.
Русите знаат што е влогот – а исто така и ние.
(Карл Билд е поранешен премиер на Шведска и повремен колумнист за „The Post“.)
Подготви: А.Ј.
Во Израел има оружје буквално насекаде, многу повеќе отколку во САД. Сепак, Американците се убиваат едни со други 33 пати почесто од Израелците.
Во текот на судењето, пред судската зграда демонстрираа десетици негови земјаци, нарекувајќи го Ердоган „диктатор и фашист“.
Поранешен судија од Арканзас е осуден на казна затвор од 5 годинипоради барање на сексуални противуслуги во замена за поблаги казни.
Во Галеријата на Културно-информативниот центар во Загреб минатиот петок се случила кражба, а сега се објавени и снимки од настанот.
Марјан Миланов е човек на кој му бил трансплантиран бубрег од кадаверик. Не знае кој бил донорот, но оваа операција му го сменила животот