На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Не можете ниту да замислите каков е ужасот кога лош актер говори нешто што сте го напишале. Ништо не може да ви ја уништи вербата во себе, да ве поттикне да се запрашате зошто го работите тоа што го работите, да се засрамите дека некогаш сте се претставиле некому како писател. Сиромашкиот ги чита вашите реченици и тие од неговата устата се рушат на подот помеѓу вас и умираат во грч, а вие вкочанети од нелагодност мислите: „Зарем јас го напишав ова? Исусе, каде ми беше умот? Извинете ме, одам на кратко да се обесам во бањата со каишот“.
Среќна околност е со лошите актери што тие конечно и самите некако сфаќаат дека се безнадежни случаи и, како и сите други безнадежни случаи, се зачленуваат во ХДЗ, а ХДЗ ги става за управители на театри или директори на драми, пишува во сеќавањето за Глоговац, Анте Томиќ во Јутарњи лист.
Од друга страна, кога добри актери ги читаат вашите дијалози, тоа е најубавата награда за вашиот труд. Текстот одеднаш оживува, па дури и ако објективно, нешто е послабо во него. Сè има смисла одеднаш, сомнежите ги снемува. Сѐ што изговорува талентираниот актер е складно, зборовите му се лесни како пеперутките кога трепетат на топол воздух, а вие на соседниот стол, замелушени од блаженството, се смешкате како дебил.
Како сценарист и театарски писател, јас имав неверојатна среќа. Неколку навистина големи хрватски, српски и босански актери ме почестија да ми играат ликови што ги создадов, со својата прекрасна игра ми го исполнија срцето со благодарност. Повеќето од нив денес се мои драги пријатели, но нема да ми замерат ако речам дека Небојша Глоговац беше најдобриот. Тој ми даде што не би можело да ми даде ниту едно литературно признание. Не го кажувам ова затоа што умре, туку навистина, никогаш не сум бил толку добар писател како кога ме говореше Небојша Глоговац. Во ред, и Ксенија Маринковиќ, но таа е една друга приказна.
Се запознавме пред десет години, една летна вечер во Мотовун, кога дојде да го претстави филмот „Утре наутро“ со Олег Новковиќ, Милена Марковиќ, Снежана Богдановиќ и Уликс Фехмиу. На терасата на хотелот цела ноќ се смеевме на неговите шеги, а јас веќе не можев да се сетам зошто тој одличен тип не играше во „Караула“. Се сеќавам дека се обидовме, но не и зошто пропадна. Како и да е, моравме повторно да се сретнеме некаде, неизбежно.
И тогаш, некаде во почетокот на 2015 година, ми се чини, Рајко Грлиќ го сними пробно за улогата на Вјеко Краљ во „Уставот на Република Хрватска“. Кога ми ја покажа снимката, јас, жими се, се преплашив. Кога на соседот Србин му вели дека Србите се плевел, Краљ во интерпретација на Глоговац е спокоен, мек, речиси нежен. Точно, сето тоа стоеше во сценариото, но никој не беше го толку добро прочитал, толку автентично го прикажал како злото понекогаш може да изгледа добронамерно и простодушно, како омразата во нашиот свет се подразбира, е секојдневна, банална. Дури гледајќи го Глоговац всушност сфатив каков тип на чудовиште направивме и лесно се наежив од него.
Последна рака на салашот
На Салашот 137, во Ченеј во близина на Нови Сад, каде што пристигнавме во мај за да ја напишеме задната рака на сценариото, Рајко му ја даде улогата, и јас наскоро сфатив дека има уште многу што не знаев за нашиот херој Вјекослав Краљ. Краљ од почетокот беше контрадикторен, составен од погрешни делови и во секој момент можеше да се распадне, а Глоговац го играше природно, вистинито и живо, со фустан, хулахопки и перика, со целото негово достоинство и трагедија. Го создаде пред нас на читачките проби толку убедливо што бевме оставени без зборови. Тој беше тој хомосексуалец и травестит, загрепски буржуј и сноб, шовинист, незгоден, одвратен, но сепак некаков несреќен, ранет човек кој толку копнее за љубов што ќе ги расплаче чувствителните гледачки.
Ова последното ме изненади тотално затоа што никогаш не сум имал такви амбиции. Јас сум кловн, желбата ми е да го смеам народот, а дека некој поради мојот херој, и тоа за еден усташа на штикли, може да плаче, ми беше убава новина.
Се најдовме точно по една година повторно на Салашот 137 на пријателите да им го покажеме готовиот филм и според нивниот вчудоневидувачки молк по проекцијата сфативме дека, овој пат исклучително, сме успеале. Се дружевме подоцна во дворот под оревите дрвја, а Небојша Глоговац не забавуваше со анегдоти за актерите Зоран Радмиловиќ, Боро Тодоровиќ, Драган Николиќ ... Тој зборуваше на начин што подоцна дури и не се обидувате да го повторите затоа што знаете дека тоа е некоја вербална вештина која бара посебна дарба и безбројни испиени ракии во театарските бифеа. Беше ѓаволски духовит. Онака како само најдобрите знаат, така немарно и ненамерно. Невидена битанга. Во еден момент беше молчалив и сериозен, а миг подоцна насмеан со полустиснати очи. Целото лице одеднаш му се разведри. И обично дури тогаш сфаќавте дека ве заебал.
Курви англиски, не даваат пари Актерите понекогаш знаат да бидат напорни. Претеруваат во нивната желба за аплауз, за љубов и прифаќање. Небојша Глоговац беше сосема поинаков, тој не се трудеше. Или барем се чинеше така. Тој беше, некако повлечен, расеан и незаинтересиран, но на крајот ќе го засакавте и прифатевте повеќе од било кој што се убил да ви се допадне.
„Уставот“ есента 2016 година почна да освојува награди на меѓународни фестивали и да ги полни домашните кина, што е појава која ретко кога се случува истовремено, а ние сфаќавме дека тоа е нешто што во иднина секако мора да се обидеме уште неколку пати. Рајко, тој и јас последен пат се сретнавме во пролетта минатата година, во неговото омилено кафуле „Кројач“ на Дорќол во улицата Жорж Клемансо, покрај бензинската пумпа, и тука весели и оптимисти, убаво се договоривме што и како ќе работиме.
Потоа го слушнав уште еднаш, кон крајот на септември, кога „Уставот“ на лондонскиот Raindance зеде три награди за најдобар филм, сценарио и актер. Се враќав таа вечер во хотелот со растреперени раце и мокра кошула, уште во шок од фактот дека морав да се качувам три пати на сцената и на непознати луѓе да им зборувам нешто на англиски јазик, кога ми пристигна порака:
„Дали паричниот дел од мојата награда е со тебе? Небојша Глоговац, актер од Панчево“.
„Курви англиски, не даваат пари“, му одговорив потиштено.
„Бутни ја раката во статуата. Мора да им нешто, мајку му!“
Тогаш морав да го повикам. Тој беше со театарот на некое американско гостување, мислам дека рече Бостон. Зборувавме пријатно и незадолжително можеби и дваесет минути, јас од хрватскиот мобилен телефон во Велика Британија, а тој од српскиот во САД. Па кога ќе прашаат од што починал човекот?
Конечно, пред дваесетина дена пристигна глас дека бил болен. Но на телефон изгледаше изненадувачки расположено. Ма, да, рак, објасни, но поблага форма. Ништо страшно. Денес тоа се лечи, за месец и пол, два најдоцна. Му го рекол истото и на Рајко и ние двајцата се смиривме, уверени дека тоа ќе испадне добро, а дури подоцна научиме од други дека состојбата е сосема поинаква, конечна и страшна. Веројатно на несреќникот не му кажале дека крајот е близу, но претпоставуваме дека можеби легендарниот српски актер Небојша Глоговац едноставно одглуми дека се е во ред. Тоа беше неговата последна главна улога, пријателите да не се грижат.
Подготви: А.Ј.
Во Израел има оружје буквално насекаде, многу повеќе отколку во САД. Сепак, Американците се убиваат едни со други 33 пати почесто од Израелците.
Во текот на судењето, пред судската зграда демонстрираа десетици негови земјаци, нарекувајќи го Ердоган „диктатор и фашист“.
Поранешен судија од Арканзас е осуден на казна затвор од 5 годинипоради барање на сексуални противуслуги во замена за поблаги казни.
Во Галеријата на Културно-информативниот центар во Загреб минатиот петок се случила кражба, а сега се објавени и снимки од настанот.
Марјан Миланов е човек на кој му бил трансплантиран бубрег од кадаверик. Не знае кој бил донорот, но оваа операција му го сменила животот