На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Мартин Шулц официјално поднесе оставка како лидер на германската Социјалдемократска партија, спуштајќи ја завесата на неговата кариера во горниот ешалон на домашната политика за помалку од една година откако ја презеде партијата, пишува Метју Карничник за Политико.
Шулц рече дека се надева оти потеготот од вторникот ќе помогне да се обедини партијата и да се дозволи дебата за основаноста на втората „голема коалиција“ со христијанските демократи на Ангела Меркел, пред гласањето на членовите на СПД подоцна овој месец.
„Доживував успони и падови на оваа позиција, популарност каква што е ретка во политиката", им изјави Шулц на новинарите во кратката изјава откако ја поднесе оставката до извршниот комитет на партијата.
Сепак, далеку од обединување на партијата, Шулц ја остава во речиси целосен неред.
Вчера превирањата во СПД повторно излегоа на површина околу прашањето за наследникот на Шулц. Во надеж дека ќе ја стабилизира партијата, многумина во раководството сакаа да ја постават Андреа Налес, популарната шефица на парламентарната група на партијата во Бундестагот, како привремен лидер.
Други се спротивставија на поддршката на Налес, тврдејќи дека еден од замениците на Шулц треба да го заземе тоа место. Овој аргумент на крајот победи и градоначалникот на Хамбург, Олаф Шолц, беше прогласен за привремен партиски шеф до посебната партиска конвенција за избор на нов лидер во април.
Иако Извршниот комитет ја одобри кандидатурата на Налес за лидерската позиција, нејзината иднина ќе зависи и од исходот од гласањето на членство. Таа веројатно ќе се соочи и со дополнителни пречки пред конвенцијата на 22 април. Наместо да остават на делегатите на конвенцијата, некои во партиската база агитираат повторно целото членство да гласа за лидер на партијата, што би можеле да доведе до понатамошни одложувања и да ја отворат вратата за поголеми предизвици на таа позиција.
Повеќето аналитичари веруваат дека 463.000 членови на Социјалдемократска партија ќе го поддржат договорот за владина коалиција, со оглед на тоа што пензионерите, семејствата од работничката класа и другите основни изборни единици на СПД ќе имаат корист од тоа.
Сепак, превирањата на врвот на партијата ги налутија старите лојални членови на СПД, кои го обвинуваат партиското раководство за ставање на своите кариери пред интересите на партијата. Шулц стана громобран за ваквите критики. Тој цврсто ја отфрли можноста за уште една поврзаност со Меркел по изборите минатиот септември, но подоцна го промени курсот и ја одобри големата коалиција. Тој, исто така, се повлече од заклетвата да не служи во Кабинет под Меркел, што дополнително го уништи неговиот кредибилитет.
Кога Шулц првпат сигнализираше дека ќе се откаже од раководството на партијата минатата недела, тој мислеше дека ќе може да стане министер за надворешни работи, ако членовите на СПД ја одобрат коалицијата. Но, бранот протести, делумно поттикнати од неговиот претходник како лидер на партијата, актуелниот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, го принуди Шулц да се откаже од таа функција.
Иако Шулц инсистира дека заминува без „горчина“, тој призна дека „нешто од тоа влегува под кожата“.
Всушност, тој ја изгуби славата на еден од најспектакуларните начини во повоениот период на Германија. Откако беше избран за партиски лидер од 100 отсто од делегатите што го поддржуваа минатата година и се славеше во бранот на еуфорија како „канцелар Бог", тој ја предводеше партијата на општите избори кога доживеа најлоши резултати.
Откако даде оставка од сите негови партиски функции, сега Шулц се очекува да го заземе место меѓу пратениците од СПД.
Подготви: А.Ј.
Во Израел има оружје буквално насекаде, многу повеќе отколку во САД. Сепак, Американците се убиваат едни со други 33 пати почесто од Израелците.
Во текот на судењето, пред судската зграда демонстрираа десетици негови земјаци, нарекувајќи го Ердоган „диктатор и фашист“.
Поранешен судија од Арканзас е осуден на казна затвор од 5 годинипоради барање на сексуални противуслуги во замена за поблаги казни.
Во Галеријата на Културно-информативниот центар во Загреб минатиот петок се случила кражба, а сега се објавени и снимки од настанот.
Марјан Миланов е човек на кој му бил трансплантиран бубрег од кадаверик. Не знае кој бил донорот, но оваа операција му го сменила животот