• 21 декември 2024
  • Вести денес: 0
Плусинфо19:39 16 февруари 2018 ● Прочитано 5369

Секоја година, членовите на Конгресот на САД се обврзани да известуваат за висината на доходот и имотот на нивните домаќинства. Податоците откриваат дека законодавците, кои штотуку изгласаа огромно намалување на даноците, се многу богата група, пишува Quartz.

Во 2015 година, тоа е последната година за која Quartz можеше да дојде до информации, просекот на богатството во американскиот Конгрес бил најмалку 1,1 милион долари. Тоа е повеќе од 12 пати повеќе од нето богатството на средно американско домаќинство. И тоа не ја кажува целата приказна, бидејќи коморите во Конгресот не се еднакви во однос на богатството. Средната нето вредност на имотот на сенатор изнесувала 3,2 милиони долари, наспроти 900.000 долари за членовите на Претставничкиот дом.

Членовите на Конгресот не се обврзани да известуваат за вредноста на нивниот дом, иако многумина го прават тоа. Проценките на богатството на американските домаќинства, кои произлегуваат од истражувањето спроведено од Федералните резерви на САД, го вклучуваат целото богатство со недвижнини.

Табелата подолу ја прикажува средната нето вредност на членовите на конгресот од 2005 до 2015 година, врз основа на Кварцовата анализа на податоци собрани од Центарот за одговорна политика, непрофитна организација која го следи влијанието на парите врз американската политика. Финансиските извештаи се поднесуваат на 15 мај секоја година, па податоците се за претходните законодавци во изборните години.



Не само што членовите на конгресот се невообичаено богати, туку за разлика од типичните американски домаќинства законодавците беа релативно недопрени од најновата рецесија. Од 2006, додека просечното конгресно лице продолжи да се збогатува, типичното американско домаќинство забележува намалување на богатството, влијание на финансиската криза 2008-09 година.

Не е изненадување што членовите на конгресот, со оглед на нивното богатство, не беа толку погодени од финансиската криза. Врвните 20 отсто од американските домаќинства изгубиле далеку помалку од нивната нето вредност отколку Американците со среден приход по падот.

Поголемите промени во богатството на Конгресот дојдоа по изборите во 2010. Републиканарите добија 63 места во Претставничкиот дом и шест места во сенатот таа година, а тоа имаше големо влијание врз релативното богатство на избраните членови од двете главни политички партии.

Пред бранот, просечниот републикански конгресмен беше значително побогат од просечниот демократски член. Но, новоизбраните републикански членови се со вредност што изнесува помалку од 700.000 долари, со што богатството на просечниот републикански пратеник се спушти до нивото на просекот кај демократите.


Движењето Tea Party, тврдокорно, изворно конзервативно движење што беше делумно одговорно за републиканскиот бран во 2010 година, не беше фактор во намалувањето на средната вредност на богатство на републиканците во Конгресот. Центарот за одговорна политика спроведе анализа во 2012, во која се виде дека 60 конгресмени кои беа дел од движењето Чајанка беа всушност значително побогати од републиканците кои не се дел од движењето.

Ова е ситничарење – но останува фактот дека американските пратеници се непропорционално богати. Тоа е делумно поради тоа што кандидирањето за место во Конгресот е полесно со стабилни, изобилни финансиски ресурси. Исто така, бидејќи членовите на конгресот се претежно бели мажи, еден од најбогатите сегменти на населението во САД. А Си-Би-Ес Њуз укажува на докази дека законодавците ја користат својата позиција за да го подобрат своето богатство преку влијанието на трговијата и имаат привилегирани информации за да си овозможат подобри инвестиции. Една група на истражувачи проценува дека од 1985 до 2001, членовите на Претставничкиот дом го победија пазарот за околу шест процентни поени.

Иако многу избрани функционери можат да ја одделат сопствената финансиска ситуација од нивните гласачи, не е тешко да се замисли дека богатството на пратениците може да влијае на тоа како размислуваат за политиката. Да се има еден куп милионери што пишуваат правила кои влијаат на сите Американци е далеку од идеално.

 

Подготви: А.Ј.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Што можат да научат Американците од израелската култура на поседување оружје

Во Израел има оружје буквално насекаде, многу повеќе отколку во САД. Сепак, Американците се убиваат едни со други 33 пати почесто од Израелците.

Нема размена на затвореници, ослободен е курдскиот лидер

Во текот на судењето, пред судската зграда демонстрираа десетици негови земјаци, нарекувајќи го Ердоган „диктатор и фашист“.

Поранешен судија од Арканзас осуден на 5 години поради злоупотреба на службената должност

Поранешен судија од Арканзас е осуден на казна затвор од 5 годинипоради барање на сексуални противуслуги во замена за поблаги казни.

Снимка од кражба за која зборува целиот Балкан: Вистина или местенка (ВИДЕО)

Во Галеријата на Културно-информативниот центар во Загреб минатиот петок се случила кражба, а сега се објавени и снимки од настанот.

Кога дознав дека сум кандидат за трансплантација, солзи ми потекоа

Марјан Миланов е човек на кој му бил трансплантиран бубрег од кадаверик. Не знае кој бил донорот, но оваа операција му го сменила животот

НАЈЧИТАНИ