На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
На вторниот ден на Минхенската конференција за безбедност според учесниците можеше да се види: времињата се несигурни како што одамна не биле. Студената војна секако веќе пламти во главите, а и Полска повторно ги навреди Евреите.
Такви јасни обвинувања од Западот едвај дека биле слушнати и во последните години од постоењето на СССР и нејзиното социјалистичко царство: „Денес Кремљ и Путин прават сé за да се уништи либералниот поредок, да се ослаби НАТО, да се поткопаат западните демократии и да се разори трансатланстското партнерство“, изјави поранешниот потпретседател на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, пренесува Дојче веле.
Иако е политичар од времето на Обама, советникот за национална безбедност на претседателот Трамп, генералот Херберт Рејмонд МекМастер потврди дека постои целосна согласност дека Русија - повторно – го загрозува Западот. Од него се слушна дека Западот е соочен со „ревизионистички сили“ кои веќе се служат со дезинформациски кампањи и шпионажа. Додуша, МекМастер не ја спомнуваше Русија, но подоцна во одговор на еден руски претставник го изнел своето мислење дека компјутерските експерти во таа земја и така „сите се вработени на напади на западните демократии“.
А тогаш и Русите ... Нити рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров не остана должен: ништо од тоа не е точно и сето тоа се само инсинуации. Но затоа предупреди на „ново изникнатиот фашизам во Европа“ и сè поприсутните неонацисти, очигледно и тој верува во политичката пропаганда на руските медиуми, па така го осуди „потиснувањето на јазиците на малцинствата“ и забраната на „непријатните медиуми“, што, мисли овој Рус, се случува на Западот. Сето тоа е последица на политиката што ја поддржуваат радикалните националисти и во основа се неонацистички: „Треба да знаеме, каде води тоа нешто“, предупреди рускиот министер за надворешни работи.
Немаше помалку и од веќе вообичаените обвиненија против западниот одбранбен сојуз, антиракетните системи и проширувањето на НАТО на исток. Беше остар и кон Европска Унија, на која „мора да ѝ биде јасно“ дека е контрапродуктивно да се меша во политиката на други земји и дека е погрешно источните држави да се поставуваат пред дилемата дека мора да бираат помеѓу ЕУ и Русија. „На нас ни е потребна пресметлива Европска унија која ќе биде одговорен учесник“, рече рускиот министер.
Непримерно дури и како „лично мислење“ Германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, се обиде да се вклучи во оваа веќе очигледна нетрпеливост, која во Минхен се почуствува меѓу Истокот и Западот. Тој додуша нагласи дека зборува во лично име, а не како министер во владата на Берлин, но и кога станува збор за санкциите против Русија поради окупацијата на Крим и вмешаноста во судирот во Украина, „не е многу реалистично“ дека санкциите ќе бидат укинати само кога целосно ќе се спроведе мировниот договор договорен во Минск. „Ако сакаме да напредуваме, чекори напред мора да се почувствуваат на двете страни“. Најпрво треба да се постигне прекин на огнот и повлекување на тешкото оружје и „ако тоа ни успее, мораме да почнеме и постепено да ги укинуваме санкциите“.
Зборовите на Зигмар Габриел воопшто не наидоа на разбирање, особено во германските медиуми: го предупредија дека со тие јавно искажани „лични размислувања“ далеку ги преминува овластувањата, дури и кога би било јасно дека ќе остане министер за надворешни работи во новата влада на големата коалиција. Се потсетува дека тоа можеби е во интерес на германската индустрија и извозниците, но тоа не е договорената политика ниту на Германија, ниту на ЕУ. Германија мораше да го истрпи и укорот на американскиот претседателски советник за безбедност во врска со нејзините работи со земји како што е Иран: „Така веднаш можете да им тутнете чек во рацете и да кажете: ве молиме, искористете ги овие пари за убивање“, изјави МекМастер.
Лоши, а сега уште полоши односи меѓу Полска и Израел Скоро како круна на овие конфликти беше и настапот на полскиот премиер Матеуш Моравјецки: по посетата на Берлин, сега и во Минхен се обиде пред присутните да ги поврати симпатиите кон Полска, кои се сериозно загрозени од влегувањето на владејачката конзервативна и националистичката партија ПиС во правосудството и институциите на цивилното општество. Неговите напори целосно паднаа во вода кога пред новинарите мораше да одговара за новиот закон со кој се забранува да се поврзуваат Полјаците со холокаустот и експлоатацијата на Евреите во таа земја.
Но еден од новинарите ја раскажа приказната на своето сопствено семејство кое за време на војната било пријавено на Гестапо од нивните соседи, Полјаци, и кои преживеале само затоа што веднаш потоа оставиле сѐ и избегале. „Дали сега правам казнено дело со раскажувањето на тој настан? Што сте сакале да постигнете со таквиот закон?“, праша Ронен Бергман, кој пишува и за „Њујорк тајмс“. „Не, не мора да се плашите од никаква казна ако кажете дека имало и полски извршители“, изјави полскиот премиер, но потоа продолжи: „... токму како што имаше еврејски извршители, руски извршители, украински, а не само германски“.
Тај одговор на Моравјецки е сосема во согласност со најгрдите нацистички тврдења дека Евреите се „сами виновни“ за тоа невидено злосторство. Затоа тоа не само што ги разјари официлајните лица во Израел туку и премиерот Нетанјаху објави дека треба „итно да се разговара“ со Полска за тој нејзин спорен закон. Додуша и во Полска се слушаат различни мислења и се бара промена на законот: се разбира дека граѓаните на Полска се целосно во право кога некој ќе каже дека Аушвиц е „полски концентрационен логор“ само затоа што тоа место - всушност Освјенќим е во тоа земја. Но донесениот закон е едноставно „идиотски“, како што се изрази и една советничка на полскиот претседател Анджеј Дуда.
Полскиот премиер по изјаватане беше достапен за дополнителни прашања на новинарите и учесниците на конференцијата за безбедност во Минхен. Непосредно после тоа веднаш се врати во Варшава.
Подготви: А.Ј.
Во Израел има оружје буквално насекаде, многу повеќе отколку во САД. Сепак, Американците се убиваат едни со други 33 пати почесто од Израелците.
Во текот на судењето, пред судската зграда демонстрираа десетици негови земјаци, нарекувајќи го Ердоган „диктатор и фашист“.
Поранешен судија од Арканзас е осуден на казна затвор од 5 годинипоради барање на сексуални противуслуги во замена за поблаги казни.
Во Галеријата на Културно-информативниот центар во Загреб минатиот петок се случила кражба, а сега се објавени и снимки од настанот.
Марјан Миланов е човек на кој му бил трансплантиран бубрег од кадаверик. Не знае кој бил донорот, но оваа операција му го сменила животот