• 18 мај 2024
  • Вести денес: 0
Плусинфо12:47 20 февруари 2018 ● Прочитано 4740

Новинар на Њујорк тајмс го посети Косово, каде му било кажано: „Се колнам, ако не беа тие кои загинаа за ова, би рекол дека треба да се вратиме на она како беше“. Прочитајте како Косово игледа денес од гледна точка на еден американски новинар ...

Првпат бев во Косово пред дваесет години. Во 1999 НАТО интервенираше на страната на албанските бунтовници кои се бореа против српските сили. Дојдов да известувам за војната, пишува Ендру Тест во Њујорк тајмс, а пренесува Недељник.

Додека паѓаа бомбите на НАТО, српските сили спроведуваа кампања на етничко чистење поради што речиси еден милион косовски Албанци, главно муслимани, беа принудени да ги напуштат своите домови. Србија, мнозински православна земја, наскоро капитулираше и ги повлече своите сили. После тоа, Косово беше девет години под контрола на Обединетите нации, во лимбо состојба надгледувана од меѓународната заедница.

Пред десет години, на 17 февруари, овој планински регион со помалку од два милиона жители прогласи независност од Србија. Наместо да ги прекине маките, независноста на Косово донесе само нова низа проблеми.

Од мојата прва двонеделна посета на Косово кон крајот на 1998, јас често доаѓам овде. Се вратив во февруари 1999 и живеев во главниот град Приштина до 2005. Потоа, најмалку еднаш годишно доаѓав на Косово, понекогаш дури и повеќепати.

Бидејќи го покривав конфликтот, дури и сега не можам а да не ги гледам луѓето и околината низ призмата на војната. Додека се возам низ земјата се сеќавам каде имаше контролни пунктови, колони бегалци, раселени лица кои бараат засолниште, каде гореа села.

Многу нешта се променија во земјата и кај народот. Кога се вратив оваа зима бев изненаден дека инаку оптимистичките Косовари сега ги изгубија сите илузии. Луѓето се резигнирани и згадени од она што го доживуваат како корумпирана влада.

- Се колнам, ако не беа тие кои умреа за ова, би рекол да се вратиме на она што беше - ми рече еден човек. „Тогаш живеевме подобро, имавме повеќе можности“.

Тоа што тој го кажува е ерес во Косово и не сакаше да биде именуван од страв дека ќе биде доживеан како антипатриот. Стравот е животен факт за многумина.

Само неколку дена пред моето доаѓање, умерениот српски политичар Оливер Ивановиќ беше убиен на улица во Митровица.

Митровица и натаму е поделен град во времето. Стравот владее со српскиот дел. Еден жител ја претстави полицијата како билка, како декорација.

Го фотографирав Ивановиќ повеќе пати. Во минатото предводеше паравоена група која им предизвикуваше на луѓето страв во коските и го чуваше мостот на реката Ибар што го дели градот на албански и српски дел.

Присуствував на состанокот во 2003, на кој американскиот дипломат Ричард Холбрук му рече на Ивановиќ дека ако продолжи со својата агенда „ќе се разбудиш едно утро, ќе се погледнеш во огледало и ќе сфатиш дека плимата на историјата те прегазила“.
 

Ивановиќ подоцна се трансформираше во попрагматичен политичар. Пред смртта, ја обвини локалната мафија дека го контролира градот. Многу жители сметаат дека мафијата работи во име на Белград и се шпекулира дека Митровица и официјално ќе биде поделена.

Во останатиот дел од Косово, српската и албанската заедница повеќе соработуваат. Но, физичките траги на војната се насекаде, дури и во пејзажот променет со сјајните патишта, огромните бензински пумпи и трговски центри.

Патот од границата со Албанија што минува низ Ѓаковица и Призрен изгледа како лузна, на јасен потсетник на воените масакри.

Се протега по должината на планинската граница и бунтовниците на Ослободителната војска на Косово го користеа како премин. Селата по патот претрпеа многу насилства.

Поминувам низ Меѓа (Житиште), католичко албанско село кое беше место на најгрозен масакр кога 372 мажи и деца беа извадени од колоната бегалци и од околните села и убиени на патот.

Нивните тела не се пронајдени до крајот на војната, и многу од нив беа години подоцна откриени во масовна гробница на полигонот на српската специјална полиција во Батајница, во близина на Белград.

Долги години местото на масакрот во близина на Житиште беше обележано со едноставни гробови. Муслиманите и католиците помешани заедно. Сега е подигнат траен споменик. Црниот мермерни саркофази лежат во редови од 18 со 25.

Истиот пат оди до Ѓаковица, сега изградена откако поголемиот дел од градот изгоре, вклучувајќи го и пазарот од отоманските времиња. Патот потоа поминува низ уништените села Зрзе (Ораховац) и Круша, каде што повеќето од машките глави беа убиени.

Во извештајот на Меѓународниот комитет за исчезнати од 2017, за време на војната исчезнале 4.500 лица, а повеќе од 1.600 уште се водат така.

Во Ѓаковица одам да ги посетам Нусрета Кумнова и Фердонија Черкези. За време на војната беше одведен единствениот син на Кумнова. Черкези го изгуби сопругот и четирите синови. Остатоците од двајцата биле пронајдени и погребани. Мажот и уште двајца синови сè уште се водат за исчезнати.

За овие жени, времето стои. Черкези ја претворила куќата во музеј посветен на сеќавањето на нив. На катот собите стојат како што ги оставиле. Играчки, фудбалски топки и облеката се внимателно завиткани во пластика. Во другата просторија во креденец стои изрешетана од куршуми облеката на двата сина, чии тела ги доби назад, страшен потсетник за тоа каков им бил крајот.

На прашањето што мисли за годишнината од независноста одговара со едноставното: „Ах, не прашувај!“.

И покрај големото разочарување од политичката и економската ситуација, постои и оптимизам. Уметнички и културно, Косово е во подем.

Уметниците родени во Косово како Рита Ора, Дуа Липа и Еро Истрефи редовно се појавуваат на меѓународни музички листи. Приштинските клубови, баровите и концертните сали - каде што нема премногу етнички граници - процветаа.

Петрит Халилај, млад уметник, доби специјална награда на жирито на Биеналето во Венеција минатата година.

Со чудна игра на судбината го фотографирав кога како единаесетгодишен бегалец чекаше во ред за храна во Кукеш, Албанија. Војната имаше големо влијание врз неговата работа. Последниот ден во Косово, медиумите објавија дека премиерот Рамуш Харадинај не добил виза за да ја посети Велика Британија. Реакцијата во голема мера беше „срамота“, бидејќи и американската виза неодамна му беше одбиена.

Од прогласувањето независност, Косово го признале само 111 од 193 земји-членки на ОН. Русија, Кина, Србија и пет земји од ЕУ не го признаваат.

Затоа Косово е единствената земја во Европа без визна либерализација, што значи дека на населението му е многу тешко да патува. Косово има и најмладо население во Европа. Светската банка проценува дека 70 отсто од населението е под 35 години.

- Се додека сме заглавени во ова гето, ќе имаме проблеми - вели Арбен Бериша, претседател на фан клубот на Арсенал во Косово. „Нам ни е потребно младите да одат во странство да студираат и потоа да се вратат тука“.

Додека возев кон Македонија за да се качам на авионот и да се вратам дома, тргнав по еден од новите автопати кој го поврзува Косово со Албанија и не можев да не се запрашам: ако премиерот не може да патува, што значи тоа за обичните луѓе?

Осакатени со ниските примања, невработеноста, стагнирачката економија и неможноста за патување, тогаш, каде ќе ги носат овие сјајни автопатишта?

Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Што можат да научат Американците од израелската култура на поседување оружје

Во Израел има оружје буквално насекаде, многу повеќе отколку во САД. Сепак, Американците се убиваат едни со други 33 пати почесто од Израелците.

Нема размена на затвореници, ослободен е курдскиот лидер

Во текот на судењето, пред судската зграда демонстрираа десетици негови земјаци, нарекувајќи го Ердоган „диктатор и фашист“.

Поранешен судија од Арканзас осуден на 5 години поради злоупотреба на службената должност

Поранешен судија од Арканзас е осуден на казна затвор од 5 годинипоради барање на сексуални противуслуги во замена за поблаги казни.

Снимка од кражба за која зборува целиот Балкан: Вистина или местенка (ВИДЕО)

Во Галеријата на Културно-информативниот центар во Загреб минатиот петок се случила кражба, а сега се објавени и снимки од настанот.

Кога дознав дека сум кандидат за трансплантација, солзи ми потекоа

Марјан Миланов е човек на кој му бил трансплантиран бубрег од кадаверик. Не знае кој бил донорот, но оваа операција му го сменила животот

НАЈЧИТАНИ