• 18 мај 2024
  • Вести денес: 0
Ристо Лазаров09:14 21 февруари 2018 ● Прочитано 3493

Како што се наближува 8 април, денот на парламентарните избори во Унгарија, премиерот Виктор Орбан сè позовриено се расфрла со националистички пароли, не штедејќи навредливи зборови за опонентите во земјата, но и во странство. Последниве недели во своите говори тој сè пожестоко ги повторува тезите кои многумина ги оценуваат како изразито националистички и расистички.
Пред некој ден, обраќајќи и се на нацијата, тој во преден план ја стави Унгарија како „последен бастион на Европа кој се бори против пропажањето на христијанската култура и ширењето на исламот".

Оценувајќи ја „состојбата на нацијата“, Орбан по којзнае кој пат повтори дека Унгарија, со изградбата на оградата во текот на мигрантската криза во 2015 година „го спречила муслиманскиот свет да ја преплави од југ". Тој нагласи дека Унгарија е „последна земја на латинското западно христијанство" кој цврсто се држи и чиишто одбранбени бедеми се доволни да го задржат најголемиот наплив на мигранти. Орбан додаде дека и православните христијани решително се борат како и Унгарија, оддавајќи им признание на Бугарија, Романија и Србија. Но, рече Орбан, сега на Унгарија и се заканува иста опасност и од Запад, при што средиштето на тие напади го лоцира во Брисел, но и во Берлин и Париз, кои, како што рече „сакаат да ја прифатиме нивната политика за ширење на исламот".

„Се наоѓаме на прагот на победата", рече Орбан подвлекувајќи дека членките на Вишеградската група (Унгарија, Полска, Чешка и Словачка) остануваат непоколебливи, а дека и Австрија се сврти во таа насока и дека и во Баварска под водството на ЦСУ се развил духовен и политички отпор. Вишна на шлагот на Орбановиот „запален" говор секако е неговото, како што рече, желно исчекување на италијанските избори, на кои, ќе се направи пресврт и ќе се врати владата на здравиот разум и на италијанскиот национален и културен идентитет и ќе се врати Силвио Берлускони. Очекувањето на враќањето на Берлускони Орбан го проследи со извикот: Форца Италија!
Орбан не ја пропушти приликата да потсети на европските политичари, негови колеги, кои потклекнале пред неговата решителност. Тој изврши куса прозивка, спомнувајќи по име и презиме австриските нацелари Фајман и Керн, италијанскиот премиер Ренци, Хрватот Милановиќ, како и Мартин Шулц, за кого рече дека „манијакално сакал да стане сè и на крајот станал ништо". Овој список не е конечен, рече Орбан.

Инаку, последните испитувања на јавното мислење говорат дека Орган има поддршка од 52% од бирачите и ако остане така, тој би освоил трет последователен, а вкупно четврти премиерски мандат.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Што можат да научат Американците од израелската култура на поседување оружје

Во Израел има оружје буквално насекаде, многу повеќе отколку во САД. Сепак, Американците се убиваат едни со други 33 пати почесто од Израелците.

Нема размена на затвореници, ослободен е курдскиот лидер

Во текот на судењето, пред судската зграда демонстрираа десетици негови земјаци, нарекувајќи го Ердоган „диктатор и фашист“.

Поранешен судија од Арканзас осуден на 5 години поради злоупотреба на службената должност

Поранешен судија од Арканзас е осуден на казна затвор од 5 годинипоради барање на сексуални противуслуги во замена за поблаги казни.

Снимка од кражба за која зборува целиот Балкан: Вистина или местенка (ВИДЕО)

Во Галеријата на Културно-информативниот центар во Загреб минатиот петок се случила кражба, а сега се објавени и снимки од настанот.

Кога дознав дека сум кандидат за трансплантација, солзи ми потекоа

Марјан Миланов е човек на кој му бил трансплантиран бубрег од кадаверик. Не знае кој бил донорот, но оваа операција му го сменила животот

НАЈЧИТАНИ