• 18 мај 2024
  • Вести денес: 0
Плусинфо13:12 21 февруари 2018 ● Прочитано 4046

 

 

Денеска, на прес-конференција, Интерарт културен центар го претстави проектот Инкубатор, поддржан од Амбасадата на Швајцарија во Македонија. Станува збор за проект наменет за млади и креативни нереномирани уметници кој ќе се одвива во два циклуси. Од денес (21.март) до 7. март, стартува првиот отворен повик за аплицирање на млади неафирмирани уметници од 18 до 30 години во три невербални категории – современ танц, музика и визуелна уметност (вајарство и сликарство).

Сите пријавени кандидати треба да приложат кратка биографија, а соодветно на посебните категории треба да исполнат технички критериуми достапни на интернет страницата на Инкубатор – www.inkubator.com.mk/apliciraj/ .

Работилниците ќе се одвиваат под менторство на реномирани уметнички имиња на националната, но и меѓународната сцена, уметничкиот директор на Интерарт културен центар, Рисима Рисимкин за танц, Тони Китановски за музика, Симонида Филиповска Китановска за сликарство и Жарко Башевски за вајарство.

„Сметам дека Инкубатор програмата за култура овозможува една нова платформа за едукација и развој на млади уметници од Македонија, кои имаат желба да создаваат во областа на современиот танц, музиката и визуелните уметности со цел да оформат мултимедијален сценски перформанс.

Целиот проект е дизајниран за да се овозможи развој од тој вид и да им се помогне на младите да го најдат својот изразен пат во уметничка насока.

Живееме во комерцијално време, во кое уметноста не е во прв план, меѓутоа моја задача, а секако и на Интерарт културниот центар е потребата од посебно нагласување на важноста на уметничкиот развој и креација, кои секако ќе го најдат своето место во општеството, доколку им се даде соодветен простор.

Многу ми е драго што Амбасадата на Швајцарија го препозна нашиот напор за поддршка и развој на млади уметници, посебно во овие уметнички категории, кои иако го заслужуваат - го немаат вистинското место во нашето општество и на кои, со нивната поддршка, ќе им се овозможи процес кој ќе донесе вистински резултати во уметничкиот развој на младите таленти“, изјави Рисимкин – уметнички директор на проектот.

Рисимкин и амбасадорката на Швајцарија во РМ, Сибил Сутер Тејада истакнаа дека креативноста и потребата за уметничко изразување се водечки критериуми за развојот на едно општество.

Тие истакнаа дека е евидентен потенцијалот и желбата кај младите уметници за развој и себеизразување, а со Инкубатор се овозможуваат услови и простор за нивна креативна експресија и реализација на идеи.

Проектот е само вовед во формирањето на мултимедијален центар за култура кој се надеваат дека наскоро ќе можат да го отворат во свој простор кој очекуваат да им биде доделен од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Горан Марковиќ ќе гостува на изведбата на „Говорна мана“ во МНТ

Тој е автор на текстот на оваа претстава чија премиера во МНТ, во режија на Драгана Милошевска-Попова, беше минатата година.

„Балкански мостови“ за филмот „Три дена во септември“

Наградата „Балкански мостови“ e за најдобар филм на шестиот фестивал Balkan Florence Experience кој се одржа во Фиренца од 22-ри до 25 февруари.

Поезија од Лулзим Хазири на македонски

Преводот на песните од албански на македонски јазик е на Линдита Ахмети.

Саемот на книга годинава ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“

„Нема да дозволиме изумирање на читателската култура, ќе им помогнеме на издавачите и љубителите на книгата“, соопшти Министерството за култура.

Венко Андоновски номиниран за Толстоевата награда „Јасна полјана“

Меѓу номинираните се и познатите светски писатели Каѕуро Исигуро, Тони Морисон, Јак Мекјуан, Џонатан Литл, Амоз Ос, Маргарет Етвуд и други.

НАЈЧИТАНИ