На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Македонскиот балетски уметник Марко Мицов настапи во главната машка улога на „Рубини“ - дел од трилогијата „Драгоцени камења“ во Тобин-Центарот за изведувачки уметности во Сан Антонио, САД. Заедно со „Брилијанти“ и „Смарагди“, „Рубини“ е дело од 1967 година на американскиот кореограф Џорџ Баланшин. Партнерка на сцената на Мицов му беше Кејт Макстед.
Како што соопшти Македонскиот центар на ИТИ (Интернационален театарски институт), изведбата била на 16 февруари на 51-вата годишнина од делото кое се смета за култно во балетската уметност.
Уметничкиот директор на Балетот во Сан Антонио, Вили Шивес, изјавил дека имал чувство дека Марко ќе биде совршен кандидат за улогата, бидејќи има способност да ги презентира ликовите и движењето со сигурност.
- Неговата изведба на отворањето беше моќна, игрива, забавна, возбудлива, и со еден збор - силна. Тој покажа шарм и ги исполни движењето со леснотија. Уште повеќе, тој направи голем впечаток на секој што ја виде неговата изведба. До денес, тоа е неговата најдобра улога и знам дека ќе ужива во повеќе дела кои на сличен начин ќе ја провоцираат неговата техничка издржливост и неговите уметнички способности - истакнал директорот на Балетот во Сан Антонио.
Марко Мицов се едуцирал во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје, во класата на проф д-р Соња Здравкова-Џепароска. Одиграл главни улоги во балетите „Лебедово езеро“, „Оревокршачка“, „Копелија“, „Кармен“, „Сон на летната ноќ“ , „Дон Кихот“...
- За жал, досега нема ниту една иницијатива за покана на овој успешен уметник да настапи во Македонија. Се надеваме дека ова наскоро ќе се смени и дека македонската публика заслужува да го види најуспешниот балетски уметник кој гради кариера надвор од Македонија - изјави неговата професорка Здравкова-Џепароска.
Македонскиот центар на ИТИ наведува дека кореографското наследство на Баланшин е регулирано со строго утврдени правила кои се однесуваат на добивање лиценца за изведба која вклучува професионални изведувачи/педагози, неизменета кореографија, идентични костими со премиерните изведби, високо професионално ниво на трупата и солистите.
Покрај во Сан Антонио, балетот досега е изведен во најголемите светски балетски центри, како Њујорк сити балетот, Баљшој театарот, Париската опера...
Тој е автор на текстот на оваа претстава чија премиера во МНТ, во режија на Драгана Милошевска-Попова, беше минатата година.
Наградата „Балкански мостови“ e за најдобар филм на шестиот фестивал Balkan Florence Experience кој се одржа во Фиренца од 22-ри до 25 февруари.
Преводот на песните од албански на македонски јазик е на Линдита Ахмети.
„Нема да дозволиме изумирање на читателската култура, ќе им помогнеме на издавачите и љубителите на книгата“, соопшти Министерството за култура.
Меѓу номинираните се и познатите светски писатели Каѕуро Исигуро, Тони Морисон, Јак Мекјуан, Џонатан Литл, Амоз Ос, Маргарет Етвуд и други.