• 30 декември 2024
  • Вести денес: 0
Плусинфо09:49 22 февруари 2018 ● Прочитано 3414

Романот „Дожд и хартија“ од Владимир Тасиќ, добитник на НИН-овата награда за роман во 2004 година и наградата Златен сончоглед за 2004 година, деновиве излезе од печат на македонски јазик во издание на „Прозарт Медиа“.

Ова е роман над чии меланхолични и потресни страници се надвива озвучената стварност на еден актуелен и контроверзен свет во кој јунаците на Тасиќ тежнеат да се ослободат од внатрешните и надворешните прогонства.

Тасиќ е математичар и писател истовремено. Предава математика на Универзитетот во Њу Бранзвик во Канада каде живее од 1988 година. Инаку е роден во Нови Сад (1965 г.). Има напишано две книги со раскази – „Псевдологија фантастика“ (1995) и „Радоста на бродоломците“ (1997), три романи – „Проштален подарок“ (2001), „Дожд и хартија“ (2004) и „Стаклен ѕид“ (2008) и четири книги есеи.
За романот „Проштален подарок“ ја доби наградата на Радио Белград 2 за книга на годината на српски јазик. Романот е објавен на француски, германски, англиски, словачки и словенечки јазик. „Дожд и хартија“ е добитник на НИН-овата награда за роман во 2004 година.

Делото ја добива и наградата Златен сончоглед за 2004 година. Романот е објавен на француски и на македонски јазик. „Стаклен ѕид“ е објавен на француски јазик. Книгата есеи „Математика и корените на постмодерното мислење“ е објавена на англиски, шпански и кинески јазик.


 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Горан Марковиќ ќе гостува на изведбата на „Говорна мана“ во МНТ

Тој е автор на текстот на оваа претстава чија премиера во МНТ, во режија на Драгана Милошевска-Попова, беше минатата година.

„Балкански мостови“ за филмот „Три дена во септември“

Наградата „Балкански мостови“ e за најдобар филм на шестиот фестивал Balkan Florence Experience кој се одржа во Фиренца од 22-ри до 25 февруари.

Поезија од Лулзим Хазири на македонски

Преводот на песните од албански на македонски јазик е на Линдита Ахмети.

Саемот на книга годинава ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“

„Нема да дозволиме изумирање на читателската култура, ќе им помогнеме на издавачите и љубителите на книгата“, соопшти Министерството за култура.

Венко Андоновски номиниран за Толстоевата награда „Јасна полјана“

Меѓу номинираните се и познатите светски писатели Каѕуро Исигуро, Тони Морисон, Јак Мекјуан, Џонатан Литл, Амоз Ос, Маргарет Етвуд и други.

НАЈЧИТАНИ