На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Министерството за култура ќе побара мислење од Антикорупциската комисија за сите укажувања за можен конфликт на интереси, непотизам, влијание, корупција или други незаконски практики, а секако сме отворени и за соработка со обвинителството, доколку се добијат индиции за таков вид на неправилности, вели портпаролот Петрит Сарачини на прашање на Плусинфо, а во врска со сомнежите дека при доделување народни пари за национални проекти направена е и злоупотреба на државна функција од страна на Арлинд Хисени, вработен во кабинетот на државниот секретар Валмир Азири.
Хисени, стои зад тетовското Здружениети „Бле - АНД“ кое на годинешниот конкурс за национални проекти од културата доби 11.000 евра за да организира фолклорен детски фестивал. Освен сомнежите за конфликт на интереси во случајов проблематично е и тоа што здружението на Хисени добило многу повеќе пари од останатите за детски фестивали.
На ова прашање денеска во Собранието одговараше министерот за култура Роберт Алаѓозовски кој тврди дека „проектите доведувани во врска со можно влијание во кабинетот и луѓе блиски до државниот секретар се повлечени“.
- Ние сме тие кои ја повикавме јавноста да не извести и нас и другите надлежни ако имаат индиции за некакви нерегуларности за да можат да следат постапки - рече Алаѓозовски и додаде дека таквата транспарентност отсуствувала во време на минатата власт.
Според Алаѓаозовски нема повеќе од дваесеттина спорни проекти, а средствата кои се одобрени не се ниту еден отсто од средствата за целокупната годишна програма.
- Во однос на дискусите за можен конфликт на интереси, можам да кажам дека сите членови на комисиите го повлекоа нивното учество во проектите за кои тие дел одлучувале самите. По дополнителниот притисок од јавноста, имаше три спорни проекти, кои самите учесници ги повлекоа - рече Алаѓозовски.
Министерството за култура најави дека ќе има ревизија на сите проекти за кои ќе се утврдат неправилности.
Случајот со вработениот во кабинетот на државниот секретар во јавноста го обелодени весникот „Коха“ кој објави дека здружението Бле-АНД" од Тетово добило 660.000 денари за да организира детски фестивал. Според истражувањето што ги направил новинарот на „Коха“ во Централниот регистер, се покажало дека зад ова тетовско здружение стојат пет лица меѓу кои и Арлинд Хисени, вработен во кабинетот на државниот секретар. „Коха“ пишувајќи за парадоксите на годишната програма на Министерството за култура, објави и дека сумата што му била доделена на здружението на Хисени за детски фестивал е многу повисока од онаа наменета за слични настани (детски фестивали), кои се поддржани со 80.000 денари. Државниот секретар Вламир Азири во изјава за „Коха“ негира конфликт на интереси и повластен избор на проекти затоа што проектите биле евалуирани врз основа на документација.
„Доколку има индиции за неправилности во процесот на аплицирање и одлучување, или доколку одредени личности или субјекти учествувале во непотизам, корупција, клиентелизам или други незаконски практики, Министерството е подготвено веднаш да ги преиспита тие случаи, а доколку се утврди одговорност, да спроведе дисциплински и други постапки во согласност со закон“, велат од Министерството за култура.
Од таму тврдат дека на конкурсот годинава биле разгледани 5.000 проекти, а биле одобрени над 2.500 проекти.
-Да се изведе процес со таква импозантна бројка е голем предизвик и за големи и искусни меѓународни тела и организации, каде што процесот на селекција трае повеќе месеци, а ние го изведовме во помалку од два месеци, поради неможноста д ги избереме комисиите во изборниот период. Спорните проекти не се повеќе од дваесетина, а и средствата кои има се одобрени и нивниот број не надминува ни 1 отсто од проектите и средствата за целата годишна програма, што е според мене добар резултат и мала маргина на грешка за ваков сложен и макотрпен процес. Времето на незаконско и непрофесионално дејствување во интитуциите заврши, а таквите практики се заменуваат со практики на стручно, одговорно и домаќинско работење со средствата на граѓаните“, се вели во одговорот од Министерството за култура, а во врска со врска со последните реакции на јавноста за делењето пари на проекти во рамки на годинешниот национален конкурс.
Тој е автор на текстот на оваа претстава чија премиера во МНТ, во режија на Драгана Милошевска-Попова, беше минатата година.
Наградата „Балкански мостови“ e за најдобар филм на шестиот фестивал Balkan Florence Experience кој се одржа во Фиренца од 22-ри до 25 февруари.
Преводот на песните од албански на македонски јазик е на Линдита Ахмети.
„Нема да дозволиме изумирање на читателската култура, ќе им помогнеме на издавачите и љубителите на книгата“, соопшти Министерството за култура.
Меѓу номинираните се и познатите светски писатели Каѕуро Исигуро, Тони Морисон, Јак Мекјуан, Џонатан Литл, Амоз Ос, Маргарет Етвуд и други.