На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Институтот за македонска литература денеска организираше трибина „Критиката - актуелни аспекти“ која е надоврзување на нивниот симпозиум од 2016 година во МАНУ.
- Тогаш се почувствува потреба за дебатирање за овие прашања - колку критиката се модифицира, колку е се уште релевантна и ги исчитува трајните вредности на македонската литература и култура. Тоа се прашања кои ние мора да ги поставиме зашто моделите на критиката се менуваат под влијание на нови општествени промени и на новите медиуми, односно се она што денес претставува еден диктат во културата, како што е, на пример, консумеризмот. Самата таква продукција врши релативизирање и видоизменување и на критиката - рече Маја Јакимовска-Тошиќ, директор на Институтот за македонска литература.
За квантитетот на изданија на критики кај нас мерило е бројот на книги што конкурираат за наградата на ДПМ за критика и есеистика „Димитар Митрев“. Според неа, бројот е мал, годинава имало седум книги, но, вели, се доста квалитетни.
- Според таа награда може да се регистрира што се нуди на нашата културна сцена, што се чита од критиката, на што нашите автори се осврнуваат и преку оваа награда може да се следи трендот, рече Јакимовска-Тошиќ. А во однос на тоа дали младите автори се заинтересирани за пишување книжевна критика - рече дека подеднакво се застапени како и повозрасната генерација.
Според Соња Стојменска Елзесер, исто така од Институтот за македонска литература, квалитетот произлегува од обемот, моделот и видот кои постојат во моментов. Генерално, вели, постојат три вида критики - академска, новинарска и критика што им служи на издавачите да ги пласираат своите дела. Сите три, рече, имаат специфичен модел и варираат според квалитет, но смета дека академската критика е прилично ангажирана и сериозна, во смисла да ги афирмира националните и да ги задржи традиционалните вредности.
- Но, она што значи линк со реалниот живот, а тоа е, пред се, новинарската критика, односно критика во медиумите, и критиката на издавачите кои влијаат врз формирање на вредноста во нашиот културен живот, мислам дека малку заостанува и дека треба сериозно да се помисли за нејзино унапредување. Генерално, сите три треба сериозно да помислат за унапредување и непарцијално. Мислам дека основниот проблем на нашиот книжевен живот е што сите делуваат парцијално, а не на иста арена. Разни групации, разни генерации и разни видови критичари се мобилизираат во различни сфери, а не доаѓаат меѓу себе во еден креативен дијалог кој би довел до нови сознанија - рече Стојменска Елзесер.
Тој е автор на текстот на оваа претстава чија премиера во МНТ, во режија на Драгана Милошевска-Попова, беше минатата година.
Наградата „Балкански мостови“ e за најдобар филм на шестиот фестивал Balkan Florence Experience кој се одржа во Фиренца од 22-ри до 25 февруари.
Преводот на песните од албански на македонски јазик е на Линдита Ахмети.
„Нема да дозволиме изумирање на читателската култура, ќе им помогнеме на издавачите и љубителите на книгата“, соопшти Министерството за култура.
Меѓу номинираните се и познатите светски писатели Каѕуро Исигуро, Тони Морисон, Јак Мекјуан, Џонатан Литл, Амоз Ос, Маргарет Етвуд и други.