На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Ќерката на „кралот на рокенролот“ Елвис Присли, Лиза Мери Присли, го наследи во 1993 година, откако наполни 25 години, сиот имот насвојот починат татко, кој тогаш имаше вредност – 100 милиони долари, пишува Печат.мк. Елвис Присли почина кога неговата ќерка имаше само девет години. Богатството на Елвис беше проценето насамо неколку милиони долари, но вкупната вредност на брендот „Елвис“, вклучувајќи го инеговиот познат имот „Грејсленд“, со текот на годините достигна вртоглава сума.
Лиза Мери сега тврди дека и останале само 14.000 долари и го обвини поранешниот менаџер Бери Сигел дека го уништил нејзиното големо богатство. Таа тврди дека Сигел несмотрено, немарно и лошо управувал со наследството на нејзиниот славен татко. Таа, сепак, сè уште е сопственичка на „Грејсленд“, имотот на Елвис кој и ден-денес е голема туристичка атракција.
Сигел на прозивките одговори со иста мерка, тврдејќи дека за пропаста на наследството на Елвис Присли е самата е одговорна. Тој ја обвинува дека живеела расипнички живот, истакнувајќи дека таа ги обвинува другите наместо да ја преземе одговорноста за сопствените постапки, пишува „Гардијан“.
Сигел во 2005 година продаде 85 отсто од компанијата „Елвис Присли ентерпрајсес“. Тоа според него морало да се направи бидејќи Лиза Мери Присли должела околу 20 милиони долари. Таа, меѓутоа, смета дека парите исчезнале поради неговите вложувања во „Кор ентертејмент“, компанијата која стои зад „Американскиотидол“, која неславно банкротираше во 2016 година.
Лиса Мери има спор околу имотот и со четвртиот сопруг Мајкл Локвуд, со кого бракоразвнодната парница е во тек. Таа тврди дека е 16 милиони долари во минус, додека нејзиниот поранешен сопруг тврди дека тоа баш и не е вистина, и јавно ја прозва дека досега не го обелоденила целиот свој имот или неговата реална вредност.
Инаку, Лиза Мери, како и нејзиниот татко се занимава со музика, и до сега има издадено три албуми. Освен по славниот татко, позната е и по својот бурен љубовен и јавен живот.
Четири разводи
Лиза Мери Присли ги поднесе документите за развод од Мајкл Локвуд (56) лани, по 10 години брак. Како причина за разводот се наведени непомирливи разлики, а Лиза побарла целосно старателство над нивните осумгодини близначки Харпер и Финли, како и на Локвуд да му биде дозволено ќерките да ги посетува само под надзор. Таа за музичкиот продуцент се омажи во 2006 година, во Кјото, а имале традиционална јапонска свадбена церемонија. Ова е четврти развод на Лиза. Нејзин прв сопруг беше Дени Кио, со кого доби две деца, ќерката Рајли и синот Бен. Потоа беше во брак со „кралот на попот“ Мајкл Џексон од 1994. До 1996 година, а потоа следуваше бракот со актерот Николас Кејџ кој траеше од 2002. до 2004 година.
Љубовта на Елвис и Присила
Нивната венчавка ги скршила срцата на сите тинејџерки ширум светот. Во 1967 година, Елвис Присли се оженил со 21-годишната Присила Ен Биули по 7 години врска. 9 месеци подоцна, Присила ја родила нивната единствена ќерка Лиза Мери. Од страна бракот изгледал совршено, но Присила Присли признала дека немала нормална адолесценција поради него. Елвис и Присила Присли се разведоа во 1973 година, по шест години брак, меѓутоа останаа блиски сé до неговата смрт, а Присила потоа го презема управувањето со имотот Грејсленд кој стана голема туристичка атракција.
Елвис Присли почина кога неговата ќерка имаше само девет години. Богатството на Елвис беше проценето насамо неколку милиони долари, но вкупната вредност на брендот „Елвис“, вклучувајќи го инеговиот познат имот „Грејсленд“, со текот на годините достигна вртоглава сума.
Принцот останал во пријателски односи со двете, а на Меган не ѝ пречи што тие ќе присуствуваат.
Прекрасната Кити се појави на подиумот со син фустан, а нејзината визија беше надополнета со екстравагантна тиара
Актерот Ленс Картер за „Дејли Мејл“ ги потврдува наводите дека Меган е таа која стои зад блогот.
Со повеќекратни овации и две навраќања на бис, Нина Кравиц доаѓа на Егзит да креира волшепства со публиката од целиот свет.
Хедер Локлир долга низа години се бори со зависност од алкохол и разни дроги.