• 30 декември 2024
  • Вести денес: 0
Плусинфо14:30 25 февруари 2018 ● Прочитано 2417

Најголем дел од спорните ситуации во Годишната програма за култура се разрешени со повлекување на проектите од страна на учесниците, а за дел од случаите е потребно и мислење од Антикорупциската комисија, изјави денеска министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Скопскиот аквадукт, министерот Алаѓозовски рече дека жалбената постапка ќе биде можност да се адресираат и останатите незадоволства.

- По долги години апсолутна нетрансперетност во Министерството, храбра беше одлуката да се објават резултатите, добитниците и одобрените суми од еден конкурс со дури 5.000 пријавени и над 2.500 одобрени проекти. Спорните проекти не надминуваат ни еден процент во однос на финансиските средства. Тоа се неполни 20-тина проекти и сметаме дека тоа е добар резултат и мала маргина на грешка за ваков голем и макотрпен процес така што генерално сметаме дека програмата е добра, а сите неправилности ќе ги разрешиме до крај - нагласи Алаѓозовски.

Тој најави дека исчистена е депонијата и дека почнува целосна ревитализација на Скопскиот аквадукт.

- По повеќегодишно институционално запоставување, во 2018 година издвоиме 1.100.000 денари за изработка на Проект за конзервација и реставрација на Скопскиот аквадукт. За оваа наша уникатна знаменитост, подготвени сме да вложиме и повеќе за да го спречиме нејзиното пропаѓање и да го заживееме овој прекрасен дел од градот. Први за конзервација се најзагрозените делови на аквадуктот, а понатамошната реконструкција ќе се одвива внимателно и стручно во неколку фази. Освен тоа, Министерството ќе ги поддржи програмски и културните содржини кои ќе ги реализираат Градот и општините на чија територија е локалитетот и контактните зони.


Последни посериозни инвестиции во геотехничките и геофизички истражувања, сондирањата и анализата на материјалите на Аквадуктот се реализирани пред неколку години, претежно со меѓународни донации, додека нашите институции беа прилично пасивни и речиси го игнорираа овој атрактивен локалитет, кој наместо да го оствари својот културен, туристички, рекреативен, еколошки потенцијал, беше претворен во една голема депонија. Благодарни сме за директната поддршка на Владата за оваа заедничка иницијатива, со која уште еднаш демонстрираме дека заштитата на културното наследство е врвен приоритет за сите институции и на тоа ќе продолжиме да работиме посветено и со заеднички сили - рече министерот за култура. 
 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Горан Марковиќ ќе гостува на изведбата на „Говорна мана“ во МНТ

Тој е автор на текстот на оваа претстава чија премиера во МНТ, во режија на Драгана Милошевска-Попова, беше минатата година.

„Балкански мостови“ за филмот „Три дена во септември“

Наградата „Балкански мостови“ e за најдобар филм на шестиот фестивал Balkan Florence Experience кој се одржа во Фиренца од 22-ри до 25 февруари.

Поезија од Лулзим Хазири на македонски

Преводот на песните од албански на македонски јазик е на Линдита Ахмети.

Саемот на книга годинава ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“

„Нема да дозволиме изумирање на читателската култура, ќе им помогнеме на издавачите и љубителите на книгата“, соопшти Министерството за култура.

Венко Андоновски номиниран за Толстоевата награда „Јасна полјана“

Меѓу номинираните се и познатите светски писатели Каѕуро Исигуро, Тони Морисон, Јак Мекјуан, Џонатан Литл, Амоз Ос, Маргарет Етвуд и други.

НАЈЧИТАНИ