• 21 декември 2024
  • Вести денес: 0
Плусинфо16:16 25 февруари 2018 ● Прочитано 2699

Музејот на ВМРО набрзо ќе биде дел од анализата на работната група која врши ревизија на проектот „Скопје 2014“, најави денеска министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Прашан во врска со ревизијата на проектот „Скопје 2014“, министерот Алаѓозовски рече дека работната група која врши ревизија на проектот не прави сеопфатна анализа, туку оди дел по дел.

- Во таа смисла тие од една страна анализираат конкретни споменици, а од друга страна анализираат и институции. Музејот на ВМРО ќе биде набрзо дел на нивната опсежна анализа, а секако ќе се осврнат и на илјадата мали сувенири и статуетки од проектот Скопје 2014. Така што дел по дел адресираат различни аспекти. Нивните елаборати потоа ги преземаме во Министерството за култура, а заедно со интерресорската група од општина Центар и Градот Скопје разговараме како понатаму да се постапува. Доколку има потреба и Градот и Министерството и општината Центар преземаат продолжителни анализи со цел евентуалното отстранување да биде изведено согласно сите законски процедури - појасни министерот Алаѓозовски.

Тој ги отфрли обвинувањата дека отстранувањето на споменикот на Ќосето е направено согласно договорот со Бугарија. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Горан Марковиќ ќе гостува на изведбата на „Говорна мана“ во МНТ

Тој е автор на текстот на оваа претстава чија премиера во МНТ, во режија на Драгана Милошевска-Попова, беше минатата година.

„Балкански мостови“ за филмот „Три дена во септември“

Наградата „Балкански мостови“ e за најдобар филм на шестиот фестивал Balkan Florence Experience кој се одржа во Фиренца од 22-ри до 25 февруари.

Поезија од Лулзим Хазири на македонски

Преводот на песните од албански на македонски јазик е на Линдита Ахмети.

Саемот на книга годинава ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“

„Нема да дозволиме изумирање на читателската култура, ќе им помогнеме на издавачите и љубителите на книгата“, соопшти Министерството за култура.

Венко Андоновски номиниран за Толстоевата награда „Јасна полјана“

Меѓу номинираните се и познатите светски писатели Каѕуро Исигуро, Тони Морисон, Јак Мекјуан, Џонатан Литл, Амоз Ос, Маргарет Етвуд и други.

НАЈЧИТАНИ