• 18 мај 2024
  • Вести денес: 0
Плусинфо12:29 26 февруари 2018 ● Прочитано 1387

Фестивалот Таксират годинава го прославува својот голем јубилеј и со богата концертна програма во текот на целата година го одбележува своето 20. Издание.

Првиот во низата ексклузивни настани на Таксират е утрешниот (27.февруари) концерт на германските пионери на електронската музика, легендарните Крафтверк во Вип Арена „Борис Трајковски“.

Крафтверк гостуваат во Скопје по 13 години од нивниот прв настап кај нас, кој сѐ уште важи за еден од најдобрите концерти кои било кога се одржале во Македонија, а овојпат ексклузивноста на нивното гостување е збогатена и со спектакуларното 3-Д визуелно шоу кое е дел од нивните концерти на исклучително успешната актуелна турнеја! За таа цел, секој од посетителите, при влезот на концертот ќе добие и брендирани 3-Д очила.

Крафтверк доаѓаат во Скопје со огромен тим кој ќе се погрижи овој концерт да биде доведен до перфекција и кој работи на комплетната техничка и продукциска реализација на секој од концертите во нивната турнеја.

Вратите на арената ќе бидат отворени за посетителите од 19:00 часот, а почетокот на концертот е точно во 20:30 часот. Поради големиот број на посетители и со цел да се избегнат гужвите, за време на концертот во арената „Борис Трајковски“ во функција ќе бидат повеќе влезови: главен влез (југ), ВИП влез (запад – од страна на лизгалиштето) и страничен влез (исток – од страна на базенот).

Од Пасворд продукција кои се организатори на настанот известуваат дека сите оние кои своите билети ги купиле онлајн треба да ги испечатат електронските ваучери кои ќе треба да ги приложат при влез на концертот заедно со документ за лична идентификација.

Оние онлајн купувачи пак кои преферираат да имаат класичен билет за нивните колекционерски потреби, ќе можат да ја направат оваа замена веднаш по завршувањето на концертот, на билетарницата во арената „Борис Трајковски“.

При влегувањето на концерт сите посетители ќе се претресуваат за проверка на предметите кои тие ги внесуваат. Во концертната сала, покрај храна и пијалоци како и вообичаено забранетите предмети, не смее да се внесува професионална и полупрофесионална аудио и видео опрема за снимање и пренос на концертот, што вклучува камери и фотоапарати со кои може да се користи објектив.

Сите заинтересирани посетители кои сѐ уште не ги набавиле своите влезници за концертот, известуваат од Пасворд Продукција, фан-пит и партер билетите се целосно распродадени, а преостанатите билети за трибините, можете да ги купите преку продажната мрежа на МКтикетс или онлајн на овој линк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата

Принцот останал во пријателски односи со двете, а на Меган не ѝ пречи што тие ќе присуствуваат.

Внуката на принцезата Дајана на Модната недела во Милано

Прекрасната Кити се појави на подиумот со син фустан, а нејзината визија беше надополнета со екстравагантна тиара

Протече таен дневник на Меган Маркл

Актерот Ленс Картер за „Дејли Мејл“ ги потврдува наводите дека Меган е таа која стои зад блогот.

Нина, Соломун, Масео, „Тејл оф ас“, Брејха, Карл Крег и Родад на Егзит!

Со повеќекратни овации и две навраќања на бис, Нина Кравиц доаѓа на Егзит да креира волшепства со публиката од целиот свет.

Ѕвездата на „Династија“ го допре дното: Го претепала партнерот, па нападнала полицајци

Хедер Локлир долга низа години се бори со зависност од алкохол и разни дроги.

НАЈЧИТАНИ