• 21 декември 2024
  • Вести денес: 0
Плусинфо15:08 26 февруари 2018 ● Прочитано 2760

Пред 45 години британската актерка Џејн Сејмур првпат позираше за „Плејбој“, а на 67-годишна возраст повторно ги краси страниците на славниот магазин.

На својот профил на Инстаграм, Џејн Сејмур се пофали со нови фотографии. Иако има веќе 67 години, токму неа ја посака „Плејбој“ да ја има на своите страници, а славната актерка на тоа се согласила без многу размислување.

Иако е во прашање магазинот „Плејбој“, актерката не е гола, но признава дека во својата кожа сега се чувствува подобро од кога и да е.

Годините се само бројка

Кога станува збор за актерката Џејн Сејмур, би можело да се каже дека за неа годините се само бројка на хартија.

- Воодушевена сум што конечно можам да ги споделам со сите вас неодамна снимените фотографии во мојот дом за „Плејбој“ - рекла Џејн Сејмур и додала како во интервјуто зборувала за својата кариера, семејството, но и за тоа дека на 67 години се чувствува подобро од кога и да е.

- Денес се чувствувам повеќе секси отколку кога бев помлада. Тогаш мислев: „О Господе! Би требало да се чувствувам секси! Што е, всушност, тоа? Не знаев што е тоа. Како што би рекол мојот татко, денес се чувствувам пријатно во својата кожа – признала за „Плејбој“ ѕвездата на серијата „Докторката Квин“.

Ѝ се додворуваат млади мажи

Џејн Сејмур, која е добитничка на две награди Еми и еден Златен глобус, открила дека често ѝ се додворуваат мажи помлади од неа.
- Тоа многу ми годи. Но мора да кажам дека немам намера никому ништо да докажувам, бидејќи во повеќето случаи, во овие години, за мажите стануваш невидлива – рекла Џејн Сејмур и додала:

- Луѓето често ми зборуваат дека сум како птицата феникс, но јас им велам дека не сум, туку дека сум имала големо влијание од мајка ми во текот на растењето. Сите ние имаме предизвици, а природен е инстинктот да се затворат сите приоди кон срцето и да не му се дозволи никому да ти се приближи. Но, мора да се отворите. Тоа ќе ве излекува и само тогаш ќе бидете како магнет за другите.

Поранешната Бонд девојка додала и дека негува природен изглед и дека немала никакви интервенции ниту инјекции на лицето.
Пред извесно време Џејн открила дека на почетокот на кариерата се соочила со сексуално вознемирување кога ја нападнал еден продуцент кој дури и се заканувал.

- Единствената причина поради која тоа го раскажав е фактот дека мора да имате избор. Јас се најдов во ситуација во која не можев да покажам сè што можам да направам. А јас сум личност што кога нешто лошо ќе се случи, преминува преку тоа и продолжува – рекла убавата актерка.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата

Принцот останал во пријателски односи со двете, а на Меган не ѝ пречи што тие ќе присуствуваат.

Внуката на принцезата Дајана на Модната недела во Милано

Прекрасната Кити се појави на подиумот со син фустан, а нејзината визија беше надополнета со екстравагантна тиара

Протече таен дневник на Меган Маркл

Актерот Ленс Картер за „Дејли Мејл“ ги потврдува наводите дека Меган е таа која стои зад блогот.

Нина, Соломун, Масео, „Тејл оф ас“, Брејха, Карл Крег и Родад на Егзит!

Со повеќекратни овации и две навраќања на бис, Нина Кравиц доаѓа на Егзит да креира волшепства со публиката од целиот свет.

Ѕвездата на „Династија“ го допре дното: Го претепала партнерот, па нападнала полицајци

Хедер Локлир долга низа години се бори со зависност од алкохол и разни дроги.

НАЈЧИТАНИ