На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Деветта година по ред, Грин бич фестивал продолжува да се одржува со импозантни хедлајнери од глобалната електронска сцена, кои гостуваат кај нас во врвот од својата кариера и со кои овој настан прерасна во синоним за најквалитетно електронско доживување. Ова лето, Грин бич фестивал ќе се одржи на 27 јули, а публиката на фестивалот ќе има привилегија да го погледне премиерниот настап во Македонија на најпопуларната дама на светската електронска сцена, прогласена и за најдобар диџеј за 2017 година – Нина Кравиц.
Таа важи за една од најхаризматичните личности на електронската сцена, а нејзините настапи се прочуени по уникатното и интензивно чувство со кое ја восхитува публиката.
Хедлајнер на светски фестивали
Единствениот музички сензибилитет и музичкото образование со бескомпромисен пристап кон уметноста, како и искрениот однос кон публиката, ја позиционираа Нина Кравиц како хедлајнер на водечките светски фестивали, меѓу кои и Коачела, Сонар, Егзит и многу други.
Посебно се издвојуваат нејзините резидент настапи на престижните журки на Ричи Хотин, „ЕНТЕР“ на Ибица, како и редовните настапи во најголемите европски клубови како што се „Конкрет“ во Париз, „Нитса“ во Барселона, „Фабрик“ во Лондон или „Бергхаин“ во Берлин.
Од 2016 година, секој втор четврток во месецот, Нина има и престижна резидентура на „Би-би-си Радио 1“, а популарноста на нејзината издавачка куќа „трип“, предизвика вистинска инвазија на свежи и исклучително квалитетни продуценти на европската сцена во последните две години. Во 2017 година таа се закити и со признанието од еден од водечките светски магазини за електронска музика „Миксмаг“, кој ја постави на самиот врв од листата за најдобри диџеи на годината, во која, пак, Нина несомнено владееше со своите настапи ширум светот.
Биографија
Кравиц е родена и пораснала во сибирскиот град Иркутск, а љубовта кон музиката и плочите ја наследила од својот татко, кој слушал џез и психоделичен рок. За време на 90-тите таа го открива ејсид-хаус звукот и набргу започнува емисија на локалното радио посветена на електронската музика. Селидбата во Москва и новинарската работа во музичкото списание „Птуч“, како и подоцнежното работење во организирање техно-журки, ќе ѝ донесат подобар увид во светските електронски текови, а нејзината импресивна колекција плочи постојано расте. Благодарение на истенчениот вкус на Нина, престолнината на Русија ја посетуваат самите икони на електронската сцена какви што се Тео Париш, Мајк Хакаби, „Дроплерефект“, Хуан Аткинс и други. Музички исклучително образована, Нина вредно работи во студио и набргу го објавува својот деби-сингл „Voices“.
Девети Грин бич
На 27 јули, во врвот од нејзината кариера, најзначајната техно-дама на денешницата конечно гостува за првпат во Македонија, со настап на Грин бич фестивал. Наскоро ќе бидат објавени повеќе информации за настанот, продажбата на билетите и новата локација на струшко-охридското крајбрежје за деветтиот Грин бич фестивал.
Принцот останал во пријателски односи со двете, а на Меган не ѝ пречи што тие ќе присуствуваат.
Прекрасната Кити се појави на подиумот со син фустан, а нејзината визија беше надополнета со екстравагантна тиара
Актерот Ленс Картер за „Дејли Мејл“ ги потврдува наводите дека Меган е таа која стои зад блогот.
Со повеќекратни овации и две навраќања на бис, Нина Кравиц доаѓа на Егзит да креира волшепства со публиката од целиот свет.
Хедер Локлир долга низа години се бори со зависност од алкохол и разни дроги.