На 93 години замина за Кенија да волонтира
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја се повлекува од функцијата
Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце
Принцот Хари ќе покани две поранешни девојки на свадбата
Запалено грчкото знаме пред Собрание
Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна
Владиката Петар го повика Господ на помош за името
Одрон го запре сообраќајот на патот Крива Паланка-Деве Баир
Претседавачот на Собранието на Стопанската комора, Антони Пешев, денеска во Лондон,учествуваше на Инвестицискиот самит за Западен Балкан, организиран од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на кој пред шесте премиери од регионот, претставници од финансиски институции и водечки меѓународни компании, беше презентиран првиот заеднички производ на Коморскиот инвестициски форум - „Регионалната инвестициска платформа“.
„Регионалната инвестициска платформа“ за Западен Балкан, како инструмент наменет за инвеститорите заинтересирани за регионот, е подготвена од Коморскиот инвестициски форум, кој е основан од Стопанската комора на Македонија заедно со Унијата на стопански комори на Албанија, Комората за надворешна трговија на Босна и Херцеговина, Стопанската комора на Црна Гора, Стопанската комора на Србија и Стопанската комора на Косово.
Претседателот на ЕБОР, господинот Сума Чакрабарти, посочи дека платформата има потенцијал да стане незаменлива алатка за странските инвеститори и за бизнис-заедницата во регионот на Западен Балкан, како и дека самиот Коморски инвестициски форум е одлична иницијатива, која е силен израз на стабилноста на регионот.
Целта на инвестициската платформа која настана на иницијатива на приватниот сектор со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), е да го промовира регионот како единствена дестинација за инвестиции и за започнување бизнис, како и да ги презентира предностите за воспоставување заеднички регионален пазар, при што на бизнис заедницата ќе и` бидат достапни сите информации поврзани со условите и поволностите за инвестирање.
Платформата ќе овозможи потенцијалните инвеститори од регионот и пошироко да имаат пристап до база на податоци за макроекономските показатели, правната рамка, пазарот, финансиските и други стимулации, потенцијалните партнери и добавувачи, како и конкретни проекти во кои може да го вложат својот капитал. Истата се очекува да придонесе за унапредување на инвестициската клима и водењето бизнис во регионот, поголема транспарентност на економиите и креирање услови за побрз економски раст и развој.
Платформата ќе биде и корисна алатка за коморите - членки на Коморскиот инвестициски форум во однос на креирањето препораки за доносителите на одлуки и покренувањето иницијативи за отстранување на препреките за деловното работење, усогласување на прописите, процедурите и практиките за поефикасно работење на компаниите од регионот и пошироко.
Според калкулациите на прилепски водовод мартовските сметки што прилепчани ќе ги добијат во април во просек ќе се зголемат за 15 до 20 денари.
Соса е резидентен претставник на ММФ во Србија.
Со овие измени ќе бидат опфатени дополнителни 1900 лица.
Моментно една од водечките компании во регионот која врши услуги од овој тип е групацијата „Секјуриком“.
Двајцата министри, вчера, телефонски разговарале за начинот како да се реши проблемот на отежнатиот извоз на брашно од Србија на македонскиот пазар.