• 21 декември 2024
  • Вести денес: 0
Плусинфо16:14 26 февруари 2018 ● Прочитано 1539

Повеќето видови животни релативно добро ги поднесуваат ниските температури но, при појава на ниски температури, особено екстремно ниски кои се проследени со силен ветер и високи врнежи и наноси на снег во предвид треба да се земат препораките од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Одгледувачите на животни за зимските месеци треба навремено да обезбедат вода и храна за животните во количини доволни за задоволување на потребите на сите животни на одгледувалиштето во траење од најмалку две недели.

Храната треба да е со соодветна хранлива вредност и соодветна на видот и категоријата на животни кои се чуваат на одгледувалиштето. На животните не треба да им се дава смрзната храна.

Препорачливо е да се зголеми вообичаената дневна дажба на храна за животни која им се дава на животните, а особено кај гравидните животни за да можат да ја одржуваат својата телесна температура.

Животните не можат, а не треба своите потреби за вода да ги обезбедуваат преку лижење мраз или снег, затоа за истите треба да се обезбеди свежа вода за пиење, која е на соодветна температура. За таа цел препорачливо е одгледувачите (одгледувалишта со автоматски/статичен систем за напојување) навремено да се снабдат со доволен број на корита, кофи и слично за доколку има потреба да ги употребат за напојување на животните.

При појава на екстремно ниски температури проследени со силен ветер и снег животните треба да се држат затворени во објектите/шталите, или да им се обезбеди соодветно засолниште. Во овој случај треба да се внимава на хигиената во објектите, редовно да се чисти ѓубрето и да се заменува валканата простирка со нова.

Доколку не постои можност веднаш да се засолнат животните, привремено може да се употребат ќебиња или друг вид на прекривки за нив, во тој случај треба да се внимава прекривките во секое време да бидат суви.

Треба да се следи здравствената состојба на животните и истите почесто од вообичаено да се посетуваат и набљудуваат. Животните кои даваат млеко треба да се измолзуваат редовно во вообичаените интервали. Кругот во одгледувалиштето и пристапните патишта треба редовно да се чистат од снегот или мразот.

Помалите, младите категории и болните и повредени животни се категории на кои треба да се посвети посебно внимание.
Одгледувачите на животни треба да се во комуникација со нивниот ветеринар за дополнителен совет или доколку е потребно интервенции. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

За прилепчани за 2 денари поскапе отпадната вода, ќе пијат за иста цена

Според калкулациите на прилепски водовод мартовските сметки што прилепчани ќе ги добијат во април во просек ќе се зголемат за 15 до 20 денари.

Себастијан Соса, резидентен претставник на ММФ во Македонија

Соса е резидентен претставник на ММФ во Србија.

МТСП: Усвоени измените на Законот за стечајци за поголем опфатат на стечајците

Со овие измени ќе бидат опфатени дополнителни 1900 лица.

Избегнете ги обврските околу домот со инвестирање во услуги од професионална кариера

Моментно една од водечките компании во регионот која врши услуги од овој тип е групацијата „Секјуриком“.

Србија и Македонија во петок во Скопје ќе го решаваат проблемот со брашното

Двајцата министри, вчера, телефонски разговарале за начинот како да се реши проблемот на отежнатиот извоз на брашно од Србија на македонскиот пазар.

НАЈЧИТАНИ