• 18 мај 2024
  • Вести денес: 0
МИА19:20 26 февруари 2018 ● Прочитано 1527

Чилеанската актерка Даниела Вега е првата трансродова жена која ќе учествува на свеченоста на 90. издание на доделувањето на наградите на Американската филмска академија.

Академијата соопшти дека Вега, ѕвездата на филмот „Фантастична жена“ кој е номиниран за најдобар странски филм, ќе биде меѓу лицата кои ќе ги доделуваат Оскарите.

- Тоа е прекрасно, но се надеваме дека не е за последен пат - изјави трансродовата новинарка Зои Тур.

Драмата „Фантастична жена“ во режија на Себастијан Лелио се занимава со животната приказна на една транссексуална пејачка во ноќен клуб, чиј живот целосно се менува откако момчето ќе ѝ почине буквално во раце.

- Фактот дека сум трансродна на приказната и дава поголема уверливост - изјави Вега за филмот.

Даниела Вега се занимава со оперско пеење и театарска глума во Чиле. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Тројца космонаути се вратија од Меѓународната вселенска станица на Земјата

Вселенската капсула со двајца американски астронаути и един руски космонаут од Меѓунардоната вселенска станици слета утринава во Казахстан.

На 93 години замина за Кенија да волонтира

Фотографијата на Ирма на која со една рака се потпира на бастун, а со другата влече црвен куфер, на социјалните мрежи ја сподели нејзината внука.

Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна

Погубувањето било прекинато во 23.30 часот, бидејќи било заклучено дека не можат да му ја најдат вената.

Останува спорната црковна камбана посветена на Хитлер

На ѕвоното е изгравирано „Сѐ за татковината - Адолф Хитлер“.

Дали ги миете конзервите пред отварање?

Лименките од сокови, пиво и конзервирана храна пред отварање добро измијте ги и исушете ги со картиени салфети.

НАЈЧИТАНИ