• 18 мај 2024
  • Вести денес: 0
МИА19:23 26 февруари 2018 ● Прочитано 2056

Снегот, кој ретко паѓа во Рим, денеска ги намами надвор не само децата, туку и свештениците од Ватикан кои се маваа со снежни топки на плоштадот „Свети Петар“.

Во Рим ова е најголемиот снег што паднал кон крајот на февруари во последните неколку децении.

Полицијата ги предупреди жителите да не излегуваат надвор доколку не мораат. Војската е ангажирана да помогне околу чистењето на снегот, а сообраќајот се одвива отежнато. Градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџи синоќа донесе одлука од денеска сите државни училишта да останат затворени. Таа одлука ја прифатија и многу приватни образовни институции.

Италијанската престолнина не е опремена со потребната опрема за чистење снег, поради што властите морале да се обратат за помош до другите градови.

На главниот римски аеродром Фјумичино работи само една писта. Повеќето аеродроми во земјата се отворени, меѓутоа има одложување на некои летови.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Тројца космонаути се вратија од Меѓународната вселенска станица на Земјата

Вселенската капсула со двајца американски астронаути и един руски космонаут од Меѓунардоната вселенска станици слета утринава во Казахстан.

На 93 години замина за Кенија да волонтира

Фотографијата на Ирма на која со една рака се потпира на бастун, а со другата влече црвен куфер, на социјалните мрежи ја сподели нејзината внука.

Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна

Погубувањето било прекинато во 23.30 часот, бидејќи било заклучено дека не можат да му ја најдат вената.

Останува спорната црковна камбана посветена на Хитлер

На ѕвоното е изгравирано „Сѐ за татковината - Адолф Хитлер“.

Дали ги миете конзервите пред отварање?

Лименките од сокови, пиво и конзервирана храна пред отварање добро измијте ги и исушете ги со картиени салфети.

НАЈЧИТАНИ