• 21 декември 2024
  • Вести денес: 0
МИА19:27 26 февруари 2018 ● Прочитано 2207

Британскиот футуролог Иан Пирсон тврди дека луѓето родени по 1970 година, ќе можат до 2050 да станат бесмртни, објави „Дејли Мејл“.

Инженерот и иноватор од Ипсвич смета дека генетското инженерство и вештачката интелигенција ќе му помогнат на човекот да ги надмине ограничувањата на своето тело.

Според него, забавувањето на процесите на стареење, лабораториското создавање ткива, органи, па и т.н. андроидни тела, како и новите виртуелни светови и дигитализацијата на умот, би можело да ни овозможи вечен живот.

- Оваа опција во почетокот ќе биде наменета само за славните и богати, но и работничката класа ќе може да си го дозволи тоа до шеесетите години од овој век - изјави Пирсон.

Натаму, тој и се согласува дека речиси никој во својата 95. година не би сакал да живее вечно, но сите би сакале да се чувствувам барем 30 години помлади тогаш. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Тројца космонаути се вратија од Меѓународната вселенска станица на Земјата

Вселенската капсула со двајца американски астронаути и един руски космонаут од Меѓунардоната вселенска станици слета утринава во Казахстан.

На 93 години замина за Кенија да волонтира

Фотографијата на Ирма на која со една рака се потпира на бастун, а со другата влече црвен куфер, на социјалните мрежи ја сподели нејзината внука.

Не можеле да му ја најдат вената, па ја одложиле смртната казна

Погубувањето било прекинато во 23.30 часот, бидејќи било заклучено дека не можат да му ја најдат вената.

Останува спорната црковна камбана посветена на Хитлер

На ѕвоното е изгравирано „Сѐ за татковината - Адолф Хитлер“.

Дали ги миете конзервите пред отварање?

Лименките од сокови, пиво и конзервирана храна пред отварање добро измијте ги и исушете ги со картиени салфети.

НАЈЧИТАНИ